User manual

5 СОСТАВУВАЊЕ/
ОДРЖУВАЊЕ
MK
ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ФЕНОТ
Погледнете ја слика 4.
За да го вклучите уредот, притиснете го и држете
го копчето за менување на брзината (слика
2). Што посилно е притиснато, толку е поголем
протокот на воздух.
За да го исклучите уредот, отпуштете го копчето
за промена на брзината.
ВНИМАНИЕ
Уредите кои работат на батерии се секогаш во
работна позиција. Затоа е потребно копчето за
вклучување секогаш да биде во исклучена
позиција “OFF”, кога уредот не се користи или пак
некаде го пренесувате.
РАКУВАЊЕ СО ФЕНОТ
Погледнете ја слика 5.
Никогаш немојте да дувате директно во голем куп
од нечистотии. Секогаш дувајте околу делот кој го
чистите, за да избегнете директно подигнување
на нечистотијата.
За да го намалите нивото на бука, обезбедете
се да имате вклучено само еден уред додека
работите.
Користите гребла и метли за да ги расчистите
нечистотиите пред да почнете да дувате со
уредот. На места каде што има многу прав,
можете да користите и малку вода на површината
која ја чистите за да го намалите подигнувањето
на правта.
Зачувајте ја водата на начин што наместо
црева, ќе ги користите електричните фенови за
наводнување на тревници и градини, како и други
делови како што се одводи, уреди за скара и
натстрешници.
Внимавајте на деца, миленичиња, отворени
прозорци или свежо обоени возила, и внимателно
дувајте кон нечистотиите.
Откако ќе го користите уредот, добро исчистете
го! Отстранете ја нечистотијата соодветно.
6. ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ
Кога го сервисирате уредот, користете само
оригинални заменски делови. Користењето на
други несоодветни делови, може да предизвика
опасност или да го оштети производот.
Избегнувајте да користите течности кога ги чистите
пластичните делови од уредот. Повеќето пластични
делови се подложни на оштетување од различни
комерцијални средства и може да се оштетат додека
се користат. Користете чиста крпа да ја отстраните
нечистотијата, правта, маслото, мрсните флеки, итн.
ВНИМАНИЕ
Пластичните делови не смее да бидат изложени
на течности за кочници, гориво, производи на
база на петролеум, масла кои продираат, итн.,
бидејќи истите содржат хемикалии кои може да ги
оштетат, ослабат или уништат.
ВНИМАНИЕ
Немојте да се обидувате да правите измени или
преправања на уредот, или пак да поставувате
додатоци кои не се препорачани за користење.
Било каква измена или преправање на уредот
значи неправилно користење, кои може да
предизвика сериозни повреди.
ВНИМАНИЕ
За да избегнете сериозни повреди, секогаш
отстранувајте ги батериите од алатот кога го
чистите или одржувате.
ЧУВАЊЕ НА УРЕДОТ
Исчистете го уредот пред да го ставите во мирување.
Чувајте го на суво, добро проветрено место кое е
недостапно за деца. Држете го подалеку од корозивни
средства како што се хемикалиите за градини или солта
против мрзнење.
Чувајте ги и полнете ги батериите во/на ладна
просторија/место. Температура над или под
нормалната собна температура, го скратува
траењето на батериите.
Никогаш не ги чувајте батериите празни.
Почекајте батериите да се оладат и веднаш
целосно наполнете ги.
Сите батерии се повремено празнат. На повисока
температура, батериите се празнат побрзо.
Доколку го чувате уредот без да го користите
подолго време, потребно е батериите да се
полнат секој прв или втор месец. Со ова ќе го
продолжите траењето на батериите.
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да
се извршува релевантно и приоритетно при
употреба на машината во корист на граѓанските
погодности и на просторот во кој живееме.
Избегнувајте појава на елементи што го
нару¬шуваат непосредното опкружување.
Доследно следете ги локалните закони за
фрлање на амбалажата, маслата, бензинот,
акумулаторот, филтрите, делови во распаѓање
или какви било елементи со штет¬но влијание
врз животната средина. Овие отпадоци не
смее да се фрлаат во ѓубре туку треба да се
селектираат и однесат во соодветни собирни
центри кои рециклира¬ат материјали.
Следете ги точно локалните закони за фрлање
на материјалите кои ќе се резултат на сечењето.