Datasheet

Bosch Power Tools 1 609 92A 7D6 | (16.12.21)
Македонски | 41
Bosch Power Tools 1 609 92A 2EN | (8.11.16)
границите на бројот на вртежи (доколку
се наведени).
HM-листови за кружна пила: Листовите
за кружна пила, чија основа е скината,
мора да се заменат. Не е дозволена
поправка.
Не користете HM-листови за кружна
пила, доколку димензиите на запците за
сечење се помали од 1 мм (слика A).
Челични листови за кружна пила:
Листовите за кружна пила со видливи
пукнатини не смеат да се користат.
Листовите за тркалезна пила смеат да се
стават во рачно водените тркалезни
пили, доколку пилата е опремена со уред
за заштита на листовите кој сам се
заклучува.
Железните и нежелезните метали
обработувајте ги само со кружните пили
за сечење на суви материјали. Користете
вшмукувач, кој е одобрен за односната
примена.
Прицврстување на
листовите за кружна пила
и деловите на апаратот
Заштитете се од невнимателно
стартување на електричниот апарат одн.
машината за обработка на дрво за време
на менувањето на листовите за кружна
пила.
Монтирајте го и фиксирајте го листот за
кружната пила според прописите на
производителот на машината.
Придржувајте се до наведените прописи
на производителот на машината.
Листовите за кружната пила и деловите
на апаратот мора да бидат добро
прицврстени, за да не се олабават при
употребата. Притоа внимавајте на
напомените од производителот.
При монтажата на листовите за кружната
пила внимавајте, главчината на апаратот
да биде затегната и запците за сечење да
не дојдат во допир со деловите од
машината.
Не е дозволено продолжување на
клучевите или користење на ударни
алати за затегнување.
Површините на затегање треба да бидат
чисти, без траги од маснотија, масло и
вода.
Не е дозволено користење на редуцирни
прстени или -чаури со лабаво лежиште.
Користењето на цврсто нанесени, на пр.
прстени од Bosch притиснати или
прицврстени со леплив спој, е
дозволено, доколку тие се точно
монтирани според слика B (погледнете
го преклопениот дел). Дебелината на
прстенот секогаш мора да биде помала
од дебелината на основата на листот.
Поправка на листовите за кружната
пила
Структурата на HM-листовите за кружна
пила не смее да ме менува при
поправката.
OBJ_BUCH-2124-005.book Page 41 Tuesday, November 8, 2016 8:36 AM