User Manual

Македонски | 63
Bosch Power Tools 1 609 92A 2NL | (27.9.16)
Опис на производот и моќноста
Употреба со соодветна намена
Пиштолот за лепење е наменет за брзо лепење на чисти,
суви и незамастени материјали со врел топлив лепак.
Користете го пиштолот за лепење само откако ќе ги
проучите сите функции и може да ги примените истите без
ограничувања или откако ќе ги добиете потребните
упатства.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на пиштолот за лепење на графичката страница.
1 Млазница
2 Копче за придвижување
3 Станица за полнење*
4 Мрежен приказ
5 Струен кабел
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на пиштолот за
лепење. Пиштолите за лепење означени со 230 волти
исто така може да се користат и на 220 волти.
Вклучување/исклучување
За да заштедите енергија, вклучувајте го пиштолот за
лепење само доколку го користите.
За вклучување на пиштолот за лепење ставете го
мрежниот приклучок во приклучницата.
Оставете го пиштолот за лепење да се загрее околу 7 мин.
пред почетокот на работата. Спуштете го пиштолот за
лепење на држачот за потпирање.
За исклучување на пиштолот за лепење извлечете го
мрежниот приклучок од приклучницата.
Доколку не го користите електричниот апарат, извлечете
го мрежниот приклучок, за да заштедите енергија.
Траен режим
Пиштолот за топло лепење може да се користи со
струјниот приклуч
ок поставен во траен режим. Мрежниот
приказ 4 мора да светне. Во работните паузи спуштете го
пиштолот за лепење на претхотно отворениот држач за
потпирање.
Употреба без кабел
Во комбинација со станицата за полнење 3 (опрема)
возможна е работа без кабел. Доколку лепилото е
вискозно, одново загрејте го пиштолот за топло лепење во
станицата за полнење.
Совети при работењето
При подолги паузи во работата извлечете го
мрежниот приклучок.
Заштитете ги лицата и животните од врелата смеса
за лепење и врвот на млазницата. Смесата за лепење
и врвот на млазницата 200 °C стануваат жешки, постои
опасност од изгореници. Доколку со врелата смеса за
лепење ја допрете кожата, држете го допреното место
неколку минути под ладен млаз вода. Не се обидувајте
да ја отстраните смесата за лепење од кожата.
Со помош на акумулираната топлина, по загревањето,
пиштолот за лепење може да се користи и по
исклучувањето. Доколку лепакот на излезот стане
прегуст, повторно ставете го мрежниот приклучок во
приклучницата.
Подготовка за лепење
Местата на лепење мора да бидат чисти, суви и да не се
замастени. Огрубете ги мазните површини пред
лепењето.
Не користете запалив раствор за чистење на местата
на лепење. Вишокот на раствор може да се запали
поради врелиот лепак или да создаде штетна пареа.
Околната температура и деловите што се лепат не смеат да
бидат со температура пониска од +5 °C и повисока од
+50 °C.
Загрејте го материјалите што се ладат брзо (на пр. челик)
за подобро да се залепат, на пр. со фен за топол воздух.
Лепење
Оставете го пиштолот за лепење да се загрее. Во
зависност од материјалот што го лепите, ставете го
соодветниот стик за лепење во задниот дел на пиштолот
за лепење. Со рамномерен притисок притискајте на
копч
ето за придвижување 2.
Нанесувајте ја смесата за лепење точкасто, а при
лепење на свитливи материјали (на пр. текстил) во цик-
цак линија.
Пиштол за лепење GKP 200 CE
Број на дел/артикл
0 601 950 7..
Номинална јачина
Загревање
–Одржување на топлина
W
W
500
30
Време на загревање
мин 4
Температура на лепење
°C 200
Капацитет на лепење
г/мин 30
Дијаметар на топливиот
лепак
мм 11
Должина на топливиот лепак
мм 45200
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01:2014
кг 0,40
Класа на заштита
/II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
OBJ_BUCH-2405-003.book Page 63 Tuesday, September 27, 2016 7:43 AM