Operation Manual

226 | Македонски
1 609 92A 0HN | (16.6.14) Bosch Power Tools
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од склизнување.
На линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу
делот што се обработува, граничната водилка и масата за
пила.
Доколку е неопходно. мора да припремите специјални
држачи.
Проверка на основните поставки и подесување
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно
и доверливо.
Поставување на стандардниот агол на закосување 0°
(вертикално)
Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
–Свртете ја масата за пила 20 до жлебот 26 за 0°. Лостот
24 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика N1)
–Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила 20.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 38.
Поставување: (види слика N2)
–Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
31 со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
Завртете ја завртката-грани
чник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 8.
Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 31.
Доколку показателот на агли 30 по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаката на скалата 29, олабавете ја
завртката 45 со обичен крстест одвртувач и насочете го
показателот на агли по должина на 0°-ознаката.
Поставување на стандардниот агол на закосување 45°
(вертикално)
Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
–Свртете ја масата за пила 20 до жлебот 26 за 0°. Лостот
24 мора осетно да се вклопи во жлебот.
–Олабавете ја затезната дршка 8 и навалете ја рачката на
алатот на дршката 14 до крај налево (45°).
Проверете: (види слика O1)
–Поставете го агломерот 45° и ставете го на масата за
пила 20
.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 38.
Поставување: (види слика O2)
–Олабавете ја затезната рачка 8.
–Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
7 со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 8.
Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 7.
Доколку показателот на агли 30 по подесувањето не е во
иста линија со 45°-ознаката на скалата 29, најпрво уште
еднаш проверете ја 0°-поставката за аголот на закосување
и показателот на агли. Потоа повторете го подесувањето
за 45°-аголот на закосување.
Центрирање на показателот на агли (хоризонтално)
(види слика P)
Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
–Свртете ја масата за пила
20 до жлебот 26 за 0°. Лостот
24 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете:
Показателот на агли 22 мора да биде во линија со 0°-
ознаката на скалата 3.
Поставување:
–Олабавете ја завртката 46 со крстест одвртувач и
центрирајте го показателот на агли по должина на 0°-
ознаката.
Повторно зацврстете го шрафот.
Транспорт (види слика Q)
Пред транспортот на електричниот апарат мора да ги
извршите следните чекори:
–Олабавете ја завртката за фиксирање 9, доколку истата
е затегната. Извлечете го кракот на алатот целосно
нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
Подесете го електричниот апарат во транспортна
позиција.
Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот апарат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги
транспортирате ставете ги во затворена кутија.
–При подигање или транспорт, држете за жлебовите за
држење 2 странично на масата за пила 20.
За транспортирање на електричниот апарат,
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
OBJ_BUCH-2154-002.book Page 226 Monday, June 16, 2014 2:55 PM