User Manual

Table Of Contents
182 | Македонски
Ласерски приемник LR 6
Тежина согласно
EPTA-Procedure01:2014
0,12kg
Димензии (должина × ширина × висина) 69×28×123mm
Вид на заштита IP54 (заштита од прав
и прскање на вода)
A) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на околината (на пр. директна
изложеност на сончеви зраци).
B) X: максимален работен опсег за работа со ласерски приемник според упатствата за
користење на употребениотBosch-линиски ласер
C) во зависност од растојанието меѓу ласерскиот приемник и линискиот ласер
D) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена
спроводливост предизвикана од кондензација.
Серискиот број на спецификационата плочка (13) служи за јасна идентификација на вашиот
ласерски приемник.
Информација за бучава
Нивото на звучен притисок на сигналниот тон оценето со А, на метар
растојание изнесува до80dB(A).
Не го држете ласерскиот приемник близу до увото!
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со ласерскиот приемник се препорачува користење на алкално-
мангански батерии.
Извлечете го нанадвор механизмот за фиксирање (15) на преградата за батерии и
отворете го поклопецот на преградата за батерии (14). Ставете ги батериите.
Внимавајте на точноста на половите согласно надворешниот приказ на поклопецот
на преградата на батерии.
Ако батериите се слаби, тогаш почнува да трепка приказот за статус(3). Работата со
ласерскиот приемник може да продолжи уште околу 2h.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден
производител и со ист капацитет.
1 609 92A 4HV | (19.05.2020) Bosch Power Tools