User Manual

Table Of Contents
184 | Македонски
За исклучување на ласерскиот приемник, одново притиснете на копчето за
вклучување-исклучување(2). Сите LED светилки кратко светнуваат пред
исклучувањето и се огласуваат три сигнални тонови. Приказот за статус(3) се губи.
Доколку за околу 20min, не се притисне на ласерскиот приемник и до приемното
поле(9) 20min не достигне ласерски зрак, тогаш ласерскиот приемник автоматски
се исклучува заради заштита на батериите.
Изберете ја поставката на приказот за средишна линија
Со копчето Подесување на точноста на прием(1) можете да утврдите со која
точност ќе се прикаже позицијата на ласерски зрак на приемното поле како
„средно“:
точност на прием„фино“ (LED-средишната линија(7) трепка),
точност на прием „грубо“ (LED-приказите за правец „ласерски зрак над
средишната линија“(6) и „ласерски зрак под средишната линија“(8) трепкаат).
Прикази за правец
Ќе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак во приемното поле(9):
со LED-приказите за правец „ласерски зрак над средишната линија“(6),
„ласерски зрак под средишната линија“(8) одн. средишна линија(7) на предната
и задната страна на ласерскиот приемник,
опционално со сигнален тон.
Ласерскиот приемник е поставен прениско: Доколку ласерскиот зрак поминува
низ горната половина на приемното поле(9), тогаш светнуваат LED-приказите за
правец „Ласерски зрак над средишната линија“(6).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со повисока фреквенција.
Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката нагоре.
Ласерскиот приемник е поставен превисоко: Доколку ласерскиот зрак поминува
низ долната половина на приемното поле(9), тогаш светнуваат LED-приказите за
правец „Ласерски зрак под средишната линија“(8).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со пониска фреквенција.
Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката надолу.
Ласерскиот приемник е поставен во средина: Доколку ласерскиот зрак поминува
низ полето за прием(9) на висина на средишната ознака(12), тогаш светнува LED
средишната линија(7).
При вклучен сигнален тон се слуша непрекинат тон.
Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак
Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием (9) се прикажува со сигнален
тон.
1 609 92A 4HV | (19.05.2020) Bosch Power Tools