Owners manual

9
• Ограничувањето на SAR препорачано од страна на Меѓународната комисија
за заштита од нејонизирачко зрачење (ICNIRP) е просечно 2 W/kg на 10g
ткиво.
• Највисоката SAR вредност за овој уред кога се носи на телото, како што е
опишано во упатството, е 0,497W/kg.
• Овој уред ги исполнува упатствата за RF изложеност кога се користи или
во нормална позиција за користење наспроти увото или во позиција од
најмалку 0,00см оддалечен од телото. Кога за носење на телото се користи
футрола, спојувалка за каиш или држач, тие не треба да содржат метал и
треба да го постават производот најмалку 0,00см оддалечен од вашето тело.
За да пренесува податочни фајлови или пораки, на овој уред му е
потребна квалитетна врска со мрежата. Во некои случаи, пренесувањето
на податочни фајлови или пораки може да биде одложено додека не се
воспостави такво поврзување. Придржувајте се до горните инструкции во
однос на растојанието сè додека преносот не биде завршен.
Чување и одржување на производот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Известување за промена на батеријата
• За ваша безбедност, не вадете ја батеријата вградена во производот.
Ако треба да ја замените батеријата, однесете го уредот до најблискиот
овластен LG Electronics сервис или дилер за помош.
• Литиум-јонската батерија е опасна компонента која може да предизвика
повредување.
• Менувањето на батеријата од страна на неквалификувани лица може да
доведе до оштетување на вашиот уред.
Напатствија за безбедно и ефикасно користење