Owners manual

10
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете само батерии, полначи и други додатоци одобрени за
користење со овој одреден модел на уред. Употребата на било какви други
видови може да го поништи одобрението или гаранцијата која се однесува
на уредот и може да биде опасна.
• Не расклопувајте го овој уред. Однесете го на квалификуван сервисер
доколку е потребна негова поправка.
• Поправките извршени под гаранција, по проценка на LG, може да
вклучат делови или електронски плочи за замена кои ќе бидат нови или
репарирани, доколку тие имаат еднаква функционалност со оние делови
кои се заменуваат.
• Уредот држете го подалеку од електрични уреди како на пр. телевизори,
радиоприемници и компјутери.
• Уредот држете го подалеку од извори на топлина како што се радијаторите
и шпоретите.
• Не дозволувајте да ви падне телефонот.
• Немојте да го изложувате уредот на механички вибрации или потреси.
• Исклучете го уредот во која било област каде што тоа се бара според
посебни прописи. На пример, не користете го вашиот уред во болници,
бидејќи може да влијае на чувствителната медицинска опрема.
• Не ракувајте со уредот со мокри раце додека се полни. Тоа може да
предизвика струен удар и може сериозно да го оштети Вашиот уред.
• Не го полнете уредот во близина на запаллив материјал бидејќи уредот
може да се загрее и да создаде опасност од пожар.
• Користете сува ткаенина за чистење на надворешноста на уредот (немојте
да користите растворувачи како бензол, разредувач или алкохол).
• Не го полнете таблетот кога е на мек мебел.