Owners manual

11
• Уредот треба да се полни во добро проветрен простор.
• Немојте да го изложувате уредот на прекумерни количества дим или прав.
• Не го чувајте уредот близу до кредитни картички или превозни билети;
може да влијае на информациите на магнетните ленти.
• Не го допирајте екранот со остар предмет бидејќи може да го оштети
таблетот.
• Не го изложувајте уредот на течности и влага.
• Дополнителната опрема како слушалките користете ја претпазливо. Немојте
непотребно да ја допирате антената.
• Немојте да користете, допирате или да се обидувате да отстраните или
поправите скршено, оштетено или пукнато стакло. Оштетувањето на
стаклото не екранот заради груба или неправилна употреба не е покриено
со гаранцијата.
• Вашиот таблет е електронски уред кој генерира топлина за време на
нормална работа. Екстремно долгиот директен допир со кожата во отсуство
на соодветна вентилација може да резултира со непријатно чувство и
помали изгореници. Затоа, внимавајте при ракувањето со вашиот уред за
време или веднаш по неговото работење.
• Ако вашиот уред се навлажни, веднаш исклучете го за да се исуши целосно.
Не обидувајте се да го забрзате процесот на сушење со надворешен извор
на топлина, како печка, микробранова печка или фен за коса.
• Течноста од навлажнетиот уред ја менува бојата на етикетата на производот
во вашиот уред. Оштетувањето на уредот како резултат на изложување на
течност не е опфатено со гаранцијата.
• Користете го вашиот таблет на температури помеѓу 0°C и 40°C, ако е тоа
можно. Изложувањето на вашиот уред на екстремно ниски или високи
температури може да резултира во оштетување, дефект, па дури и
експлозија.