User manual

- Внимавајте со жешката вода. Секогаш
проверувајте дали водата е жешка за да
спречите попарување на рацете.
Забелешка: Може да протече вода од штекерот на
долниот дел од уредот кога го плакнете. Ова е
нормално и не е опасно затоа што сета
електроника е затворена во запечатена единица за
напојување во внатрешноста на бричот.
Чистење на единицата за бричење под чешма
1 Исклучете го уредот и осигурете се дека е
исклучен од ѕидниот приклучок.
2 Притиснете го копчето за отпуштање за да ја
отворите единицата за бричење. Плакнете ја
внатрешноста на единицата за бричење и
комората за собирање влакна под топла вода
30 секунди.
- Исплакнете ја надворешноста на единицата за
бричење.
3 Затворете ја единицата за бричење и истресете
го вишокот вода.
Внимание: Внимавајте да не ја удрите единицата
за бричење од нешто додека ја тресете од вишокот
вода.
Внимание: Никогаш не сушете ги единицата за
бричење и комората за собирање влакна со крпа
или ткаенина, затоа што тоа може да ја оштети
единицата за бричење.
4 Отворете ја единицата за бричење повторно и
оставете ја отворена за да се исуши уредот
целосно.
Темелно чистење
Темелно чистете ги главите за бричење еднаш
месечно за оптимални резултати при бричењето.
255
Македонски