User manual

2 Вметнете ја завртката од додатокот во
отворот во горниот дел од бричот.
Потоа, притиснете го додатокот на
поткаструвачот за да го прикачите на
апаратот (со кликнување).
3 Вклучете го апаратот.
4 Сега можете да започнете со
поткастрување.
5 Исчистете го додатокот по употреба
(погледнете во поглавјето „Чистење и
одржување“).
Користење на додатокот за обликување
на брадата
1 Проверете дали апаратот е исклучен.
2 Вметнете ја завртката од додатокот во
отворот во горниот дел од апаратот. Потоа,
притиснете го додатокот за да го прикачите
на апаратот (со кликнување).
Користење на додатокот за обликување
на брадата со чешел
Можете да го користите додатокот за
обликување на брадата со прикачениот чешел
за да ја обликувате вашата брада со едно
фиксно поставување, но исто така и на различни
поставки за должината. Додатокот можете да
го користите и за претходно поткастрување
на подолгите влакна со цел бричењето да биде
попријатно.
Поставките за должината на влакната
на додатокот за обликување на брадата
соодветствуваат на преостанатата должина на
влакното по сечењето и варираат од 1 до 5mm.
МАКЕДОНСКИ 317