operation manual

1 Поставете го чешелот директно во
вдлабнатините за насока на двете страни од
додатокот (со кликнување).
2 Притиснете го избирачот на должина,
а потоа притиснете го налево или надесно
за да го изберете саканото поставување за
должината на влакното.
3 Вклучете го апаратот.
4 Сега можете да започнете да ја обликувате
вашата брада со движење на додатокот
нагоре со нежен притисок, водејќи сметка
предниот дел од чешелот да е во целосен
контакт со кожата.
5 Исчистете го додатокот по употреба
(погледнете во поглавјето „Чистење и
одржување“).
Користење на додатокот за обликување
на брадата без чешел
Можете да го користите додатокот за
обликување на брадата без чешелот за да ја
обликувате брадата, мустаќите, бакенбардите или
брадата околу вратот во должина до 0,5mm.
1 Извадете го чешелот од додатокот.
Забелешка: Фатете го чешелот по средината
за да го извлечете од додатокот. Немојте да
влечете по страните од чешелот.
2 Вклучете го апаратот.
2
1
МАКЕДОНСКИ318