operation manual

- Децата не треба да си играат со уредот.
Децата не треба да го чистат или да го
одржуваат уредот без надзор.
- Секогаш исклучувајте го бричот од струја пред
да го исчистите под чешма.
- Секогаш проверувајте го уредот пред да го
користите. Немојте да го користите уредот
доколку е оштетен, бидејќи ова може да
доведе до повреда. Секогаш заменувајте го
оштетениот дел со ист таков оригинален дел.
Внимание
- Не го потопувајте системот за чистење или
држачот за полнење во вода и немојте да го
плакнете под чешма.
- Не го потопувајте бричот во вода. Немојте да
го употребувате бричот во када или под туш.
- Немојте да користите вода потопла од 80°C
за плакнење на бричот.
- Уредот користете го само за неговата намена
како што е прикажано во упатството за
користење.
- Немојте да го користите адаптерот во или
во близина на штекери во ѕид кои имаат или
порано имале електричен освежувач на воздух,
за да спречите ненадоместлива штета на
адаптерот.
- Од хигиенски причини, уредот треба да го
користи само едно лице.
- Немојте да користите компресиран воздух,
сунѓери, абразивни средства за чистење или
агресивни течности како бензин или ацетон за
чистење на уредот.
- Доколку вашиот брич има систем за чистење,
секогаш користете ја оригиналната течност
за чистење од Philips (картриџ или шише, во
зависност од типот на системот за чистење).
МАКЕДОНСКИ 307