operation manual

- Секогаш поставувајте го системот за чистење
на стабилна, рамна и хоризонтална површина
за да спречите истекување.
- Доколку вашиот систем за чистење користи
картриџ за чистење, секогаш проверувајте дали
преградата за картриџот е затворена пред да
го користите системот за чистење за да го
исчистите или да го наполните бричот.
- Кога системот за чистење е подготвен за
употреба, не го поместувајте за да спречите
истекување на течноста за чистење.
- Водата може да капне од отворот од
долниот дел на бричот кога го плакнете.
Ова е вообичаено и не е опасно затоа што
сите електронски делови се затворени
во запечатена единица за напојување во
внатрешноста на бричот.
Електромагнетни полиња (EMF)
- Овој уред од Philips е во согласност со сите
важечки стандардни и одредби во однос на
изложеноста на електромагнетни полиња.
Општо
- Овој брич може безбедно да се мие под
чешма.
- Уредот е погоден за струја со напон од
100 до 240 волти.
- Адаптерот трансформира 100-240 волти во
безбеден низок напон од помалку од 24 волти.
- Максимално ниво на бучава: Lc = 69dB(A)
МАКЕДОНСКИ308