operation manual

Приказ
Полнење
Индикатор за наполнетост на батерија со
3 светилки
- Полнењето одзема прибл. 1 час
- Брзо полнење (само за одредени типови): Кога
апаратот е вклучен во струја, светилките од
индикаторот за наполнетост на батеријата ќе
засветат една по друга во континуитет.
Кога уредот ќе поседува доволно енергија
за едно бричење, долната светилка од
индикаторот за наполнетост на батеријата ќе
затрепка бавно.
- Доколку го оставите апаратот вклучен во
струја, процесот на полнење ќе продолжи.
Како знак дека апаратот се полни, најпрво
долната светилка ќе затрепка и ќе засвети во
континуитет. Потоа и втората светилка ќе
затрепка и ќе засвети во континуитет, и с така
додека апаратот не се наполни целосно.
Индикатор за наполнетост на батерија со
1 светилка
- Полнењето одзема прибл. 1 час.
- Брзо полнење (само за одредени типови):
Кога апаратот не содржи доволно енергија за
едно бричење, индикаторот за наполнетост на
батеријата ќе затрепка брзо. Кога индикаторот
за наполнетост на батеријата ќе започне да
трепка бавно, тоа значи дека апаратот содржи
доволно енергија за едно бричење .
- Доколку го оставите апаратот вклучен во
струја, процесот на полнење ќе продолжи.
Како знак дека апаратот се полни, индикаторот
за наполнетост на батеријата ќе затрепка
бавно.
МАКЕДОНСКИ 309