operation manual

Деактивирање на заклучувањето при
патување
1 Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување во траење од 3 секунди.
- Симболот за заклучување при патување ќе
затрепка, а потоа ќе засвети во континуитет.
Бричот е сега повторно подготвен за користење.
Замена на главите за бричење
За максимални перформанси при бричењето,
ве советуваме да ги менувате главите за бричење
на секои две години.
- Апаратот е опремен со потсетник за замена
кој ве потсетува кога ќе дојде време за замена
на главите. Потсетникот за замена ќе засвети
во бела боја во континуитет.
Забелешка: Откако ќе ги замените главите
за бричење, потребно е да го ресетирате
потсетникот за замена со притиснување на
копчето за вклучување/исклучување во траење
од 7 секунди.
Турбо поставување
(само за одредени типови)
- Апаратот е опремен со поставување Турбо
или Турбо+. Ова поставување е наменето за
побрзо и поефикасно бричење и го олеснува
бричењето на тешко достапните места.
Активирање на Турбо поставувањето
1 За да го активирате Турбо поставувањето,
притиснете го Турбо копчето еднаш.
МАКЕДОНСКИ312