operation manual

Бричење
Период на адаптација на кожата
Првите бричења можеби нема да ви го донесат
посакуваниот резултат, а вашата кожа можно
е дури и да биде малку воспалена. Ова е
вообичаена појава. На вашата кожа и брада им
треба време да се адаптираат на новиот систем
за бричење.
Ве советуваме да се бричите редовно (најмалку
3 пати неделно) со овој брич во период од
3 недели за да ѝ овозможите на вашата кожа да
се навикне на новиот брич.
Забелешка: Бричот можете да го користите и
кога е приклучен во струја.
1 Вклучете го апаратот.
2 Поместувајте ги главите за бричење врз
вашата кожа со кружни движења.
Забелешка: Немојте да правите прави движења.
3 Исчистете го бричот по употреба
(погледнете во поглавјето „Чистење и
одржување“).
Турбо поставување (само за одредени
типови)
Апаратот е опремен со поставување Турбо
или Турбо+ за полесно бричење на тешко
достапните места.
1 Вклучете го бричот.
2 Притиснете го копчето Турбо за да го
вклучите Турбо поставувањето доколку
сакате побрзо да ги избричите тешко
достапните места.
МАКЕДОНСКИ 315