operation manual

3 Сега можете да започнете да ја обликувате
брадата, мустаќите, бакенбардите или
брадата околу вратот со движење на
обликувачот надолу со нежен притисок
додека го држите под прав агол во однос
на кожата.
4 Исчистете го додатокот по употреба
(погледнете во поглавјето „Чистење и
одржување“).
Користење на додатокот за
поткастрување на носните влакна
Можете да го користите додатокот за
поткастрување на носните влакна за да ги
поткаструвате вашите носни влакна.
Проверете дали вашите ноздри се чисти.
1 Вметнете ја завртката од додатокот во
отворот во горниот дел од апаратот.
Потоа, притиснете го додатокот за да го
прикачите на апаратот (со кликнување).
2 Вклучете го апаратот.
3 Внимателно вметнете го додатокот во една
од вашите ноздри.
Немојте да го вметнувате додатокот повеќе од
0,5cm во вашите ноздри.
4 Полека движете го додатокот наоколу за
да ги отстраните сите несакани влакна во
вашите ноздри.
5 Исчистете го додатокот по употреба
(погледнете во поглавјето „Чистење и
одржување“).
МАКЕДОНСКИ 319