operation manual

Чистење на бричот под чешма
По секое бричење, чистете го бричот за
оптимални перформанси при бричењето.
Внимавајте со топлата вода. Секогаш
проверувајте дали водата е претопла за да ги
заштитите вашите раце од изгореници.
Немојте да ја бришете единицата за бричење со
крпа или марамче, бидејќи ова може да доведе
до оштетување на главите за бричење.
1 Исплакнете ја единицата за бричење под
чешма со топла вода одредено време.
2 Притиснете го копчето за ослободување
и отворете ја единицата за бричење.
3 Исплакнете го држачот за главите за
бричење под чешма со топла вода во
траење од 30 секунди.
4 Внимателно протресете го вишокот вода
и дозволете му на држачот за главите за
бричење да се исуши.
5 Држете го држачот за главите за бричење
(со кликнување).
Метод на темелно чистење
Проверете дали апаратот е исклучен.
1 Притиснете го копчето за ослободување и
отворете ја единицата за бричење.
МАКЕДОНСКИ 325