operation manual

Чистење на додатокот за обликување
на брадата
Чистете го додатокот за обликување на брадата
по секоја употреба.
1 Извлечете го чешелот од додатокот за
обликување на брадата.
Забелешка: Фатете го чешелот по средината
за да го извлечете од додатокот. Немојте да
влечете по страните од чешелот.
2 Вклучете го апаратот.
3 Додатокот за обликување на брадата и
чешелот исплакнете ги одделно под чешма
со топла вода одредено време.
4 По чистењето, исклучете го апаратот.
5 Внимателно протресете го вишокот вода и
дозволете му на додатокот за обликување
на брадата и на чешелот да се исушат.
Совет: За оптимални перформанси на
поткаструвачот, подмачкувајте ги запците на
поткаструвачот со капка од масло за машина за
шиење на секои шест месеци.
Чистење на додатокот за поткастрување
на носните влакна
Чистете го додатокот за поткастрување на
носните влакна по секое користење.
1 Проверете дали апаратот е исклучен.
МАКЕДОНСКИ 329