operation manual

Македонски
МК 15
7 Безбедност
и важни
напомени
Прочитајте ги и разберете ги сите упатства пред
да го користите ДВД плеерот Ако се предизвика
штета поради неследење на упатствата,
гаранцијата нема да важи.
Безбедност
Ризик од струен удар!
Никогаш не вадете го куќиштето на производот.
Никогаш не изложувајте го производот и
додатоците на дожд или вода Никогаш не
ставајте садови со течност, како што се вази,
во близина на производот. Ако се истурат
течности врз или во производот, веднаш
исклучете го од напојување. Стапете во
контакт со службата за корисници на Philips
за да го проверат производот пред да го
користите.
Никогаш не ставајте го производот и
додатоците во близина на отворен оган
или други извори на топлина, вклучувајќи и
директна сончева светлина.
Никогаш не ставајте предмети на отворите
за вентилација или врз другите отвори на
производот.
Таму каде што електричниот кабел или
приклучок на апаратот се користи како
уред за исклучување, треба да остане лесно
пристапен и употреблив.
Батериите (пакување батерии или
инсталираните батерии) не треба да се
изложуваат на прекумерна топлина како
што е сончева светлина, оган и слично.
Исклучете го производот од приклучницата
за напојување пред бури со електрични
празнења.
Кога го исклучувате кабелот за напојување,
секогаш влечете за приклучокот, никогаш за
кабелот.
Ризик од краток спој или пожар!
Пред да го поврзете производот на
електрично напојување, уверете се дека
напонот на напојувањето се совпаѓа со
вредноста отпечатена на позадината или
долниот дел на производот.
Избегнувајте примена на притисок врз
приклучоците за напојување. Лабави
приклучоци за напојување може да
предизвикаат искрење или пожар.
Ризик од повреда или оштетување на
производот!
За да се избегне изложување на ласерско
зрачење, не расклопувајте го.
Не допирајте ги оптичките леќи во делот за
диск.
Никогаш не ставајте го производот или
какви било други предмети врз каблите
за напојување или врз друга електрична
опрема.
Ако производот се транспортира на
температури под 5°C, отпакувајте го
производот и почекајте додека неговата
температура не ја достигне собната
температура пред да го поврзете во
приклучница за електрично напојување.
Ризик од прегревање!
Никогаш не инсталирајте го овој производ
во ограничен простор. Секогаш оставајте
простор од најмалку четири инчи околу
производот за вентилација. Осигурете
се дека завеси или други предмети
никогаш нема да ги покриваат отворите за
вентилација на производот.
Ризик од загадување!
Извадете ги батериите ако се истрошени
или ако далечинскиот управувач нема да се
користи долго време.
Батериите содржат хемиски супстанции. Тие
треба правилно да се фрлат.
Ризик од проголтување батерии!
Производот/далечинскиот управувач може
да содржат батерија од тип паричка/копче
која може да се проголта. Секогаш чувајте ја
батеријата подалеку од дофат на деца!
Опрема за користење на места каде не е
веројатно да бидат присутни деца.
Напомена
За идентификација и номинално електрично
напојување, погледнете ја печатената плочка
на задниот или долниот дел на производот.
Пред да воспоставите или смените какви
било поврзувања, уверете се дека сите
уреди се исклучени од електричното
напојување.