User Manual



При поставување на големината на сликата на "Auto Wide" кај 16:9 телевизор со широк екран,
можете да ја одредите големината на сликата со која сакате да ја гледате 4:3 WSS (Wide Screen
Service) услугата на широк екран. Секоја поединечна европска земја користи различна големина
на сликата и со оваа функција корисниците можат да направат избор.
сликата се поставува во 16:9 широк режим.
зголемување на сликата повеќе од 4:3.
вертикално зголемување на сликата.
 сликата се поставува во 4:3 нормален режим.
Оваа функција е достапна во "Auto Wide" режим.
Оваа функција не е достапна во "PC", "Component" или "HDMI" режим.

Доколку приемниот сигнал на телевизорот е слаб, можете да го активирате дигиталното
намалување на шумот за да се избегнат статичните или привидните облици кои може да се
појават на екранот.
Кога сигналот е слаб, изберете некоја од другите опции додека не се добие најдобрата
слика.

Овој телевизор ја нуди DNIe функцијата со која се добива висок визуелен квалитет. Доколку
ја поставите вредноста на DNIe на "On", ќе можете да ја видите сликата со активирана DNIe
функција. Доколку ја поставите вредноста на DNIe на "Demo", како демонстрација ќе можете
истовремено да ги видите DNIe и нормалната слика. Со користење на оваа функција, ќе можете
да ја погледнете разликата во визуелниот квалитет.
DNIe
(Digital Natural Image engine)
Оваа функција овозможува слика со повеќе детали и 3D намалување на шум, подобрување
на деталите, контрастот и белата боја. Новиот алгоритам за подобрување на сликата нуди
посветла, појасна слика со повеќе детали.
DNIe
tтехнологијата овозможува подобрување
кај секој сигнал.
“DNIe” е достапно единствено во “Dynamic” режимот.

Можете да го изберете нивото на црната боја за прилагодување на длабочината на сликата.
Оваа функција е активна единствено кога надворешниот извор е поврзан на HDMI(RGB
сигнали).

Оваа функција е наменета за експертите за испитување на AV уреди. Со оваа функција се
прикажува синиот сигнал преку отстранување на црвениот и зелениот сигнал од видео сигналот,
за добивање на ефект на син филтер кој се користи за прилагодување на бојата и тонот кај
видео уредите како DVD плеери, системи за домашно кино итн.
Со користење на оваа функција може да се прилагоди бојата и тонот, и да се добијат вредности
соодветни на нивото на сигналот за различните уреди користејќи шаблони на црвена/зелена/
сина/цијан/магента/жолта боја, без користење на дополнителен син филтер.
“Blue Only Mode” е достапно кога режимот на слика е поставен на “Movie” или “Standard”.
Book-��.indb 20 2008-03-03 ¿ÀÈÄ 7:21:04