User Manual



Оваа функција ви овозможува прегледување и слушање на
фото (JPEG) и аудио фајлови (MP3) зачувани на USB Mass
Storage Class (MSC) мемориски уред.
Притиснете го копчето  на далечинскиот управувач
или на.
Поврзете USB уред кој содржи JPEG и/или MP3 фајлови
на WISELINK приклучокот (USB приклучок) на страничната
плоча на телевизорот.
Доколку го вклучите WISELINK режимот без поврзан USB
уред, ќе се прикаже пораката “There is no device connected” .
Во овој случај, вметнете го USB уредот, излезете од екранот
со притиснување на копчето  на далечинскиот управувач и повторно активирајте го WISELINK
прозорецот.
За имињата на фолдерите и фајловите (фотографии, музика) можат да се користат само
алфанумерички знаци.
Фајл системот поддржува единствено FAT16/32 (NTFS фајл системот не е поддржан)
Одредени типови на USB дигитални фотоапарати и аудио уреди може да на бидат компатибилни
со овој телевизор.
Wiselink поддржува единствено USB Mass Storage Class (MSC) уреди. MSC претставува Mass
Storage Class мемориски уред. Примери за MSC уреди се малите мемориски драјвови и читачи на
флеш картички (USB HDD и HUB уредите не се поддржани.)
Пред да го поврзете вашиот уред на телевизорот, ве молиме архивирајте ги вашите фајлови за да
ги заштитите од оштетување или загуба. SAMSUNG нема да прифати одговорност за какво било
оштетување или загуба на податоци.
Ве молиме поврзете го уредот директно на USB приклучокот на вашиот телевизор. Доколку
користите поврзување преку одделен кабел, може да се јави проблем на USB компатибилност.
Поддржани се единствено MP3 и JPEG формати на фајлови.
Wiselink mp3 форматот поддржува единствено музички фајлови со висока фреквенција на земање
примероци (32 kHz, 44.1 kHz или 48 kHz).
Препорачуваме секвенцијален jpeg формат. Прогресивниот jpeg формат користи многу меморија и
декодирањето може да биде неуспешно.
Немојте да го откачувате USB уредот за време на вчитување.
MTP (Media Transfer Protocol) не е поддржан.
Времетраењето на репродукцијата кај mp3 фајлови може да се прикаже како ‘00:00:00’ доколку
информациите за времетраењето не се најдени при активирањето на фајлот.
Колку е повисока резолуцијата на сликата, толку повеќе време ќе биде потребно за прикажување
на екранот.
Кај фото или музичките листи може да се прикажат до 300 фолдери или фајлови.
Вчитувањето може да трае одредено време во зависност од големината на фајлот.


BN68-01410B-00Mac-0226.indd 30 2008-02-26 �� 7:10:52