User manual

Совети за чување смрзната храна
За да добиете најдобри перформанси од
апаратот, почитувајте ги следниве
напомени:
проверете дали комерцијалните
смрзнати прехранбени продукти биле
соодветно чувани кај продавачот;
погрижете се смрзнатите прехранбени
продукти да се пренесат од
продавницата до замрзнувачот во
најкраток можен рок;
не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку
што е неопходно;
штом ќе се одмрзне, храната се
расипува брзо и не може повторно да
се смрзне;
не надминувајте го препорачаниот
период за чување означен од страна на
производителот.
Нега и чистење
ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот
од струја пред да вршите каква било
постапка за одржување.
Овој апарат содржи хидрокарбонати
во одделот за ладење; затоа
оддржувањето и повторното полнење
мора да биде направено од овластени
техничари.
Периодично чистење
Опремата треба редовно да се чисти:
измијте ги внатрешноста и додатоците
со млака вода и малку неутрален
сапун.
редовно проверувајте ги заптивките на
вратата и бришете ги за да бидат чисти
и без остатоци од храна.
избришете и исушете целосно.
ВАЖНО Не влечете ги, не поместувајте
ги и не оштетувајте ги цевките и/или
каблите во фрижидерот.
Никогаш не користете детергенти, груби
прашоци, многу парфимирани средства
за чистење или восок за
полирање за
чистење на внатрешноста, бидејќи така
може да се оштетат површините и да
остане силен мирис.
Чистете ги со четка кондензаторот
(црната решетка) и компресорот на
задната страна на апаратот. Со тоа се
подобрува работењето на апаратот и се
штеди електрична енергија.
ВАЖНО Внимавајте да не го оштетите
системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски
површини содржат хемикалии што може
да ја нагризат/оштетат пластиката на
апаратот. Поради тоа, се препорачува
надворешноста на апаратот да се чисти
само со топла вода со малку течност за
миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
Одмрзнување
на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во фрижидерската преграда
секогаш кога моторниот компресор ќе
престане да работи во текот на
вообичаената употреба. Водата од
одмрзнувањето истекува во посебен сад
од задната страна на апаратот, над
моторниот компресор, од кој што
испарува.
Важно е повремено да се исчисти
дупчето за истекување на водата од
одмрзнувањето
на средината на каналот
во фрижидерската преграда за да се
спречи прелевање на водата и нејзино
капење врз храната внатре. Користете го
приложениот специјален чистач, што ќе го
најдете веќе вметнат во дупчето за
истекување.
30
www.zanussi.com