User manual

Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се
формира малку мраз.
ВАЖНО Одмрзнете го замрзнувачот кога
слојот мраз ќе достигне дебелина од
околу 3-5 mm.
За да го отстраните мразот, постапете на
следниов начин:
1. Исклучете го апаратот.
2. Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете је
на
студено место.
3. Оставете ја вратата отворена.
4. Кога ќе заврши одмрзнувањето,
исушете ја внатрешноста темелно и
вратете го капакот на место.
5. Вклучете го апаратот.
6. Поставете го регулаторот на
температурата да добиете
максимално ладење и оставете го
апаратот да работи два-три часа со
оваа поставка.
7. Вратете ја извадената храна во
комората.
ВАЖНО Никогаш не користете метални
алатки за гребење на мразот од
испарувачот, зашто може да го оштетите.
Не користете механички уреди или
вештачки средства за забрзување на
топењето освен оние што ги препорачува
производителот. Покачувањето на
температурата на смрзнатата
храна за
време на одмрзнувањето може да го
скрати нивниот век на чување.
Периоди неработење
Кога апаратот не се користи подолго
време, преземете ги следниве
предострожности:
откачете го апаратот од
електричната мрежа
извадете ја сета храна
одмрзнете ги (ако е предвидено) и
исчистете ги апаратот и сите додатоци
оставете ја вратата или вратите
подотворени
за да спречите непријатни
мириси.
Ако фрижидерот треба да остане
вклучен, замолете некого да го проверува
повремено за да не се случи храната да
се расипе во случај на снемување струја.
Што да сторите ако...
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред
решавање на проблемите, извадете
го приклучокот за струја од штекерот.
Само квалификуван електричар или
компетентно лице смее да ги решава
проблемите што не се опишани во
упатството.
ВАЖНО За време на нормалната
употреба се слушаат звуци (од
компресорот и од кружењето на
средството за ладење).
Проблем Можна причина Решение
Апаратот не работи.
Светилката не работи.
Апаратот е исклучен. Вклучете го апаратот.
31
www.zanussi.com