User manual

ВНИМАНИЕ!
Во оваа состојба, температурата
на комората на фрижидерот
може да падне под 0°C. Ако се
случи тоа, поставете го
регулаторот на температурата
на поставка за повисока
температура.
Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна,
пред да се употреби, може да се одмрзне
во преградата на фрижидерот или на
собна температура, зависно од времето
достапно за оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се готват
смрзнати, директно од замрзнувачот: во тој
случај, готвењето ќе трае подолго.
Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се монтирани
низа држачи така што полиците може да се
наместат по желба.
Местење на полици на вратата
За да се овозможи чување на пакети храна
во разни големини, полиците на вратата
може да се поставуваат на различни
висини.
1. Влечете ја полицата во насока на
стрелките сѐ додека не ја извадите
2. Поместете ја како што е потребно.
Помош и совети
Нормални работни звуци
Следните звуци се нормални за време на
работа:
Слабо клокотење и звук на кркорење од
калемот кога фрижидерот се полни.
Звук на брмчење и пулсирачки звук од
компресорот кога фрижидерот се полни.
Ненадеен звук на кршење од
внатрешноста на апаратот како
резултат на термичка дилатација
(природен и физички феномен којшто
не е опасен).
Слаб звук на чкрипење од регулаторот
на температура кога компресорот се
вклучува или исклучува.
Совети за штедење енергија
Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку
што е неопходно.
Совети за ладење свежа храна
За да добиете најдобри перформанси:
не ставајте топла храна или течности
што испаруваат во фрижидерот
покривајте ја или виткајте ја храната,
особено ако има посилен вкус
ставајте ја храната така што воздухот
може да кружи слободно околу неа
Совети за ладење
Корисни совети:
26 www.zanussi.com