User manual

Месо (сите видови): спакувајте го во
пластични ќесички и ставете го на
стаклената полица над фиоката за
зеленчук.
Најбезбедно е да го чувате на овој
начин само еден или најмногу два дена.
Зготвена храна, ладни јадења и сл... тие
треба да се покриени и може да се
стават на која било полица.
Овошје и зеленчук: тие треба да се
убаво измиени и ставени во
специјалните фиоки за нив.
Путер и сирење: тие треба да се чуваат
во посебни херметички садови или
завиткани во алуминиумска фолија или
пластични ќесички за да се спречи
допирот со воздух.
Шишиња: тие треба да бидат затворени
со капаче и да се чуваат на полицата за
шишиња на вратата (ако има) или на
држачот за шишиња.
Бананите, компирите, кромидот и лукот,
ако не се спакувани, не смеат да се
чуваат во фрижидер.
Совети за замрзнување
За најдобро користење на процесот на
замрзнување, еве неколку важни совети:
максималната количина на храна
којашто може да биде замрзната во рок
од 24 часа е прикажана на плочката со
спецификации;
замрзнувањето трае 24 часа. Не треба
да се додава храна за замрзнување во
тој период;
замрзнувајте само квалитетна, свежа и
убаво измиена храна;
поделете ја храната во мали порции за
да може брзо и целосно да се замрзне и
за да овозможите одмрзнување само на
потребните количества;
завиткајте ја храната во алуминиумска
или пластична фолија убаво и стегнато;
не дозволувајте свежата, несмрзната
храна да ја допира храната што е веќе
смрзната, за да не ја загреете втората;
посната храна се чува подобро и
подолго од мрсната; солта го намалува
рокот на чување на замрзнатата храна;
водениот мраз, ако се конзумира
веднаш по вадењето од преградата на
замрзнувачот, може да предизвика
смрзнатини на кожата;
препорачливо е да се запише датумот
на замрзнување на секое пакување за
да можете да водите сметка за времето
на чување.
Совети за чување замрзната храна
За да добиете најдобри перформанси од
апаратот, почитувајте ги следниве
напомени:
проверете дали готовите замрзнати
прехранбени продукти биле соодветно
чувани кај продавачот;
погрижете се замрзнатите прехранбени
продукти да се пренесат од
продавницата до замрзнувачот во
најкраток можен рок;
не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку
што е неопходно;
штом ќе се одмрзне, храната се
расипува брзо и не може повторно да се
замрзне;
не надминувајте го препорачаниот
период за чување означен од страна на
производителот.
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Периодично чистење
Опремата треба редовно да се чисти:
измијте ги внатрешноста и додатоците
со млака вода и малку неутрален сапун.
редовно проверувајте ги заптивките на
вратата и бришете ги за да бидат чисти
и без остатоци од храна.
исплакнете ги и избришете ги целосно.
www.zanussi.com 27