User manual

Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Општи информации
Чистете ги садовите за готвење по
секоја употреба.
Секогаш употребувајте садови за
готвење со чисто дно.
Гребаниците или темните дамки на
површината не влијаат врз работата на
апаратот.
Не’рѓосувачки челик
За рабовите на површината за готвење
од не'рѓосувачки челик користете
специјално средство за чистење
не'рѓосувачки челик.
Рабовите од не’рѓосувачки челик на
плотната може да ја променат бојата
како резултат на високата температура.
Измијте ги деловите од не’рѓосувачки
челик со вода, а потоа избришете ги со
мека крпа.
Чистење на електричната рингла
1. Користете прашок за чистење или
сунѓер за чистење.
2. Чистете ја плотната за готвење со
влажна крпа и малку детергент.
3. Загрејте ја ринглата на ниска
температура и оставете ја да се исуши.
4. За да ги одржувате ринглите во добра
состојба, подмачкувајте ги редовно со
масло за подмачкување на машина за
шиење. Исполирајте го маслото со
хартија што впива.
Решавање на проблеми
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Што да направите ако...
Проблем Можна причина Решение
Не можете да ја вклучите или
да ракувате со површината за
готвење.
Апаратот не е поврзан со
напојување за струја или не е
правилно поврзан.
Проверете дали апаратот е
правилно поврзан со
електрична енергија. Видете
го дијаграмот за поврзување.
Избил осигурувач. Проверете дали осигурувачот
е причина за дефектот. Ако
осигурувачот постојано
избива, стапете во контакт со
квалификуван електричар.
Ако не можете да најдете решение...
Ако не можете самите да го решите
проблемот, обратете се кај Вашиот
продавач или во овластениот сервисен
центар. Наведете ги податоците од
плочката за спецификации. Внимавајте да
работите со површината за готвење
правилно. Ако неправилно сте ракувале со
површината за готвење, сервисирањето од
страна на сервисниот техничар или на
продавачот нема да биде бесплатно, дури
и во гарантниот период. Упатствата за
службата за односи со корисниците и за
условите на гаранцијата се наведени во
гарантниот лист.
26 www.zanussi.com