User manual

Отворање на вратата на апаратот:
1. Притиснете ја и држете ја
бравата на вратата.
2. Отворете ја вратата.
Не притискајте ја бравата на
вратата кога ја затворате вратата
на апаратот!
Со исклучување на апаратот не се
откажува механичката брава на
вратата.
ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете го поглавјето „Безбедносни информации“.
Внатрешна страна на вратата
Од внатрешната страна на вратата на печката се наоѓаат:
броевите на нивоата за решетката
информации за функциите на печката, препорачаните нивоа за
решетката и температурите за вообичаените јадења.
Температурите и времињата за печење во табелите се само препорака.
Тие зависат од рецептите, квалитетот и количеството на употребените
состојки.
Печење
Општи упатства
Вашата нова печка може да пече тесто или месо различно од
апаратот што сте го имале порано. Приспособете ги вашите
вообичаени поставки (температура, времиња за готвење) и нивоата
на решетката според вредностите во табелите.
Кога се пече подолго, печката може да се исклучи околу 10 минути
порано за да се искористи преостанатата топлина.
Кога користите замрзната храна, плеховите во рерната можат да се
извиткаат во текот на печењето. Кога повторно ќе се изладат,
изобличувањето ќе исчезне.
Како да ги користите табелите за печење
Препорачуваме да ја поставите пониската температура првиот пат.
Ако не можете да најдете поставки за одреден рецепт, погледнете ги
поставките за најсличниот.
Времето за печење може да се продолжи 10-15 минути ако печете
тесто на повеќе од едно ниво.
Торти и печива на различни височини отпрвин не се заруменуваат
подеднакво. Ако се случи тоа, не менувајте ја температурата.
Разликите ќе се изедначат за време на печењето.
Помошни напомени и совети
19