User manual
Индикатор за преостаната топлина
Кога ќе ја исклучите рерната, линиите на екранот ја прикажуваат
преостанатата топлина.
Функција Брзо загревање
За намалување на времето потребно за предзагревање на празна печка.
Можете да ја користите функцијата Брзо загревање со функциите на
печката: жежок воздух 
 , печење со вентилатор   , обично   и ражен
 .
Не ставајте ја храната во печката додека не заврши функцијата Брзо
загревање.
1. Подесување на функција на печката.
2. Притиснете го копчето Брзо загревање 
 .
Кога печката ќе ја достигне поставената температура, се појавуваат
полињата на показателот за топлина и се огласува звучен сигнал.
Апаратот продолжува да загрева со подесената функција и
температура на печката.
3. Ставете ја храната во печката.
Ставање на додатоците за печката.
Ставајте ги лизгачките додатоци така што двојните рабови се од
задната страна на печката и се свртени надолу кон дното. Туркајте ги
лизгачките додатоци во процепот на држачите на едно од нивоата на
печката.
Длабоката тава за печење и решетката
имаат двојни странични рабови. Овие
рабови и обликот на процепите на
држачите ја сочинуваат заштитата од
превртување за додатоците на печката.
12
Секојдневна употреба










