User manual
Пиролитичко чистење   34
Шини за поддршка на решетката
 35
Светло на печката   35
Вратата на печката и стаклените
плочи   36
ШТО ДА СТОРИТЕ АКО...   38
ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА   40
Можноста за промени е задржана
  БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажа и употреба, внимателно прочитајте го ова упатство:
• Заради ваша лична безбедност и безбедноста на вашиот имот
• Заради почитување на животната средина
• Заради правилна работа на апаратот.
Секогаш чувајте ги овие инструкции со апаратот, дури и ако го
преместувате или продавате.
Производителот не е одговорен ако неправилната монтажа или
употреба предизвикаат оштетување.
Безбедност на децата и помалку вештите лица
• Овој апарат можат да го користат деца над 8 години и лица со
намалени физички, сензорни или ментални способности или лица без
искуство и знаење доколки тоа го прават под надзор или им биле
дадени упатства како безбедно да го употребуваат апаратот и ги
разбираат опасностите поврзани со него. Деца не смеат да играат со
апаратот.
• Сите материјали за пакување чувајте ги далеку од дофат на деца.
Постои ризик од задушување или физичка повреда.
• Држете ги децата и животните подалеку од апаратот кога вратата е
отворена или кога тој работи. Постои ризик од повреда или друг
траен инвалидитет.
• Ако уредот ја има функцијата „Блокада на вклучување“ или „Блокада
на копчињата (Контролна блокада)“, употребете ја. Тоа ќе
оневозможи децата и животните несакано да го употребат апаратот.
Општа безбедност
• Не менувајте ги спецификациите на овој апарат. Постои опасност од
повреда и оштетување на апаратот.
• Не оставајте го уредот без надгледување додека работи.
• Исклучувајте го апаратот по секоја употреба.
Монтажа
• Само овластен електричар смее да го инсталира и поврзува
апаратот. Котактирајте го овластениот сервис. Со цел да се избегне
ризик од штета или физички повреди.
• Уверете се дека апаратот не е оштетен при транспорт. Никогаш не
поврзувајте оштетен апарат. По потреба контактирајте го добавувачот.
Безбедносни информации
3
892946483-A-272010










