User manual

НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете го поглавјето „Безбедносни информации“.
Исчистете го предниот дел на апаратот со мека крпа натопена во
топла вода со средство за чистење.
За чистите метални површини се користи обично средство за чистење.
Исчистете ја внатрешноста на печката по секоја употреба. Така
полесно може да ги отстраните нечистотиите и тие не загоруваат.
Исчистете ја тврдокорната нечистотија со специјално средство за
чистење печки.
Исчистете ги сите додатоци за печката (со мека крпа натопена во
топла вода со средство за чистење) по секоја употреба и оставете ги
да се исушат.
Ако имате нелепливи додатоци, не чистете ги со агресивни
среддства, предмети со ости работи или во машина за миење садови.
Така може да се уништи нелепливиот слој!
Пиролитичко чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Рерната станува многу жешка. Чувајте ги децата настрана.
Извадете ги сите делови од рерната.
Постапката на пиролитичко чистење не може да започне:
Ако не ги отстраните шините за поддршка на решетките или
телескопските шини за решетките (ако ги има), екранот на часовникот
покажува „C1“
ако не ја затворите правилно вратата на рерната (екранот за
часовник покажува „C3“) .
1. Рачно отстранете ги најзакоравените остатоци нечистотија.
2. Поставување на функцијата на печката „Пиролитско мени“
екранот за температура покажува „P2“
на екранот на часовникот се покажува „2:45“,
„Времетраење“
трепка околу 5 секунди.
Додека „Времетраење“
трепка, употребете или за да ја
поставите потребната должина на процедурата:
2:15 за мала извалканост,
2:45 за нормална извалканост,
3:15 за висок степен на извалканост.
Тогаш пиролитичкото чистење започнува.
Ако „Времетрање“ повеќе не трепка, повторно притиснете „Избор“
и тогаш поставете ја должината на пиролитичката постапка.
34
Нега и чистење