User manual
• Не употребувајте го апаратот како работна површина или како
простор за складирање.
• За време на употреба се вжештуваат внатрешноста на апаратот и
приборот. Постои опасност од изгореници. Употребувајте заштитни
ракавици кога ставате или вадите прибор или тенџериња.
• Бидете внимателни кога ги отстранувате или инсталирате додатоците
за да го заштитите од оштетување енамелот на печката.
• Кога апаратот работи секогаш стојте настрана од апаратот кога ја
отварате вратата. Може да испушти жешка пареа. Има ризик од
изгореници на кожата.
• За да го заштитите енамелот од оштетување или губење на бојата:
– не ставајте било какви предмети дирекно на апаратот и не
покривајте го со алуминиумска фолија;
– не ставајте врела вода дирекно во апаратот;
– не чувајте влажни чинии или храна во апаратот откако сте
завршиле со готвењето.
• Губењето на бојата на енамелот нема никаков ефект на работата на
апаратот
• Не притискајте на вратата.
• Кога готвите секогаш затворете ја вратата, дури и за време на
печењето на скара.
Нега и чистење
• Пред одржување, исклучете го апаратот и извлечете го штекерот од
приклучокот за струја.
• Пред одржувањето, проверете дали апаратот е изладен. Постои
опасност од изгореници. Постои опасност од кршење на стаклените
плочи.
• Одржувајте го апаратот постојано чист. Наталожените маснотии или
други остатоци од храна може да предизвикаат пожар.
• Редовното чистење го спречува оштетувањето на површинските
материјали
• Употребувајте тава за цедење за многу масна храна за да ја
заштитите рерната од дамики што можат да останат трајни.
• Заради ваша лична безбедност и безбедноста на вашиот имот,
чистете го апаратот само со вода и сапун. Не користете запаливи
производи или производи кои можат да предизвикаат корозија.
• Не чистете го апаратот со чистачи на пареа или со чистачи под висок
притисок, остри предмети, абразивни средства за чистење,
абразивни сунѓери и средства за отстранување дамки
• Ако користите спреј за печка, придржувајте се до упатствата на
производителот. Не прскајте ништо врз грејните елементи и сензорот
на термостатот.
• Не чистете ја стаклената врата со абразивни средства за чистење
или со метална гребалка. Може да дојде до пукање и кршење на
огноотпорната површина на внатрешното стакло.
Безбедносни информации
5










