User manual
• Кога стаклените плочи од вратата се оштетени, тие стануваат крти и
може да се скршат. Мора да ги замените. Контактирајте со
сервисниот центар.
• Бидете внимателни кога ја вадите вратата од апаратот. Вратата е
тешка!
• Не чистете го каталитичкиот емајл (ако го има).
Опасност од пожар
• Отворајте ја вратата внимателно. Користењето на состојки со
алкохол може да предизвика мешање на алкохол и воздух. Постои
опасност од пожар.
• Кога ја отворате вратата не дозволувајте до апаратот да дојдат искри
или пламени.
• Не ставајте запаливи продукти или предмети заедно со влажни или
запаливи продукти, и/или растопливи објекти (направени од пластика
или алуминиум) во или блиску до апаратот.
Пиролитичко чистење
• Не оставајте го уредот без надзор при пиролитичкото чистење.
• Не обидувајте се да ја отворите вратата и не прекинувајте го
напојувањето со струја во текот на пиролитичкото чистење.
• Држете ги децата подалеку додека трае пиролитичкото чистење.
Апаратот станува многу жежок. Постои опасност од изгореници.
• Во текот на пиролитичкото чистење, тврдокорната нечистотија може
да предизвика обезбојување на емајлот. Обезбојувањето не влијае
врз работата на апаратот.
Светло на рерната
• Исклучете го апаратот од напојувањето со струја пред да го замените
светлото на рерната. Постои опасност од електричен удар!
Сервисен центар
• Само овластен инженер може да го поправа или да работи на
апаратот. Контактирајте со овластен сервисен центар.
• Користете само оригинални резервни делови.
Расходување на апаратот
• За да се спречи ризик од физичка повреда или оштетување
– Извадете го приклучникот за струја од штекерот.
– Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
– Откачете ја бравата на вратата. Ова ќе оневозможи деца и мали
животни да се затворат во апаратот. Постои опасност од
задушување.
6
Безбедносни информации










