User manual

Режим за поставување
Апаратот е во режим за поставување кога светат сите светла на
програмските копчиња.
Запомнете дека кога ги вршите следниве работи:
одбирање програма за миење
поставување на омекнувачот на вода
активирање/деактивирање на дозерот за средство за плакнење
активирање/деактивирање на звучните сигнали
апаратот МОРА да биде во режимот за поставување.
Доколку се запали светлото на некое програмско копче, последната
извршена програма уште е поставена.
Во тој случај, за да се вратите во режимот за поставување, програмата
треба да се откаже.
Откажување на поставена или тековна програма : држете ги притиснати
истовремено двете програмски копчиња над зборот RESET додека не се
запалат светлата на сите програмски копчиња. Програмата е откажана и
машината е во режим за поставување.
Звучни сигнали
Воведени се звучни сигнали како помош за одредување кои операции ги
врши апаратот:
поставување на омекнувачот на вода
завршување на програмата за миење
тревожење при неправилно функционирање на машината.
Фабричка поставка: звучните сигнали се активни.
Звучните сигнали може да се исклучат со функциските копчиња.
Деактивирање/активирање на звучните сигнали
1. Притиснете го копчето On/Off (вклучување/исклучување). Апаратот
мора да биде во режимот за поставување .
2. Држете ги притиснати истовремено копчињата B и C , додека светлата
на копчињата A , B и C не почнат да трепкаат.
3. Притиснете го копчето C , светлата на копчињата A и B се гасат,
додека светлото на копчето C продолжува да трепка. Истовремено се
пали показното светло за крај на програмата , укажувајќи дека
звучните сигнали се активни.
4. За да ги исклучите звучните сигнали, притиснете го повторно копчето
C : светлото за крај на програмата се гаси, укажувајќи дека звучните
сигнали се исклучени.
5. За да ја меморирате поставката, исклучете ја машината за миење
садови.
6. За повторно активирање на звучните сигнали, повторете ја горната
постапка додека не се запали показното светло за крај на програма .
Контролна табла
37