User manual
Примери: ако моменталното ниво е 5, со едно притискање на копчето
A се одбира ниво 6. ако моменталното ниво е 10, со едно притискање
на копчето A се одбира ниво 1.
5. За да ја меморирате поставката, исклучете ја машината за миење
садови со притискање на копчето вклучување/исклучување.
Користење сол за машини за миење садови
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете само специјална сол за машини за миење садови. Сите други
видови сол што не се специјално направени за машини за миење садови,
особено солта за готвење, ќе го оштетат омекнувачот на вода. Ставајте
сол само пред да почнете некоја од целосните програми за миење. Така
ќе се спречи таложење на зрна сол или излеана солена вода на дното на
машината, што може да предизвика кородирање.
Полнење:
1. Отворете ја вратата, извадете ја долната корпа и одвртете го капачето
на садот за сол вртејќи го налево.
2. Истурете 1 литар вода во садот (ова е неопходно само пред првото
полнење со сол) .
3. Со приложената инка, турајте сол
додека садот не се наполни.
4. Вратете го капачето проверувајќи
да нема сол на навоите или на
заптивката.
5. Навртете го капачето цврсто
вртејќи го надесно додека не
кликне и застане.
Не грижете се ако се прелева вода
додека ставате сол, тоа е нормално.
Показното светло за сол на контролната табла може да остане запалено
уште 2-6 часа по полнењето со сол ако машината за миење садови остане
вклучена. Ако користите сол што подолго се раствора, тоа може да трае
и подолго. Функционирањето на машината не е попречено.
Користење средство за плакнење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете само специјално средство за плакнење за машини за миење
садови.
Не полнете го дозерот за средство за плакнење со некаква друга течност
(на пр. средство за чистење машини за миење садови или течен
детергент). Така може да го оштетите апаратот.
40
Користење сол за машини за миење садови










