User manual

Средството за плакнење обезбедува темелно плакнење и сушење без
дамки и линии.
Средството за плакнење автоматски се додава за време на последното
плакнење.
1. Отворете го садот притискајќи го
копчето за ослободување (A).
2. Ставете средство за плакнење во
садот. На максималното ниво за
полнење укажува "max".
Дозерот собира околу 110 мл
средство за плакнење, што е
доволно за 16 до 40 циклуси на
миење, зависно од дозирањето.
3. Проверете дали капачето е
затворено по секое дополнување.
Избришете го истуреното средство
за плакнење со впивлива крпа за да
избегнете преголемо пенење за
време на следното миење.
Регулирање на дозирањето на средството за плакнење
Во зависност од добиените резултати на миењето и сушењето,
регулирајте ја дозата средство за плакнење со регулаторот со 6 положби
(положба 1= најмала доза, положба 6= најголема доза).
Дозата е фабрички поставена во положба 4.
Користење средство за плакнење
41