User manual
Миењето на следниов прибор и садови во машината за миење садови
не се препорачува: може да биде проблематично:
• Прибор за јадење со дршки од дрво,
слонова коска, порцелан или бисер.
• Пластични предмети што не се
отпорни на топлина.
• Постар прибор за јадење со лепени
делови што не се отпорни на
топлина.
• Лемен прибор за јадење или садови.
• Калаисани или бакарни садови.
• Оловно кристално стакло.
• Челични предмети што `рѓосуваат.
• Дрвени чинии.
• Предмети од синтетички влакна.
• Камени садови може да се мијат во
машината само ако производителот
посебно ги означил како безбедни за
миење во машина.
• Глазираните шари може да
избледат ако често се мијат во
машина.
• Сребрените и алуминиумските
делови се склони кон обезбојување
при миење: Остатоци од белка и
жолчка од јајца и од сенф чесно
предизвикуваат обезбојување и
дамки на среброто. Затоа секогаш
исчистете ги остатоците од храна од
среброто, ако не го миете веднаш по
употребата.
Отворете ја вратата и извлечете ги корпите за да ги ставите садовите.
Долната корпа
Ставајте ги поголемите и поизвалканите
садови и тави во долната корпа.
Полнење со прибор за јадење и садови
43










