User manual

Функција за мулти-таблети
Апаратот е опремен со ункција за мулти-таблети" што овозможува
употреба на комбинираните мулти-таблети со детергент.
Тие производи се детергенти со комбинирани функции за миење,
плакнење и сол. Може да содржат и други агенси, зависно од видот
таблети што ќе ги одберете ("3 во 1", "4 во 1", "5 во 1" итн.).
Проверете дали детергентите се соодветни за тврдоста на вашата вода.
Погледнете ги упатствата на производителот.
Функцијата може да се одбере за сите програми за миење садови. Кога
ќе се одбере оваа функција, дотокот на средство за плакнење и сол од
соодветните садови автоматски се исклучува, а се исклучуваат и
показните светла за сол и средство за плакнење.
Одберете ја функцијата за мулти-таблети пред почетокот на секоја
програма за миење.
Штом ќе се одбере оваа функција (свети показното светло), ќе остане
активна и за следните програми за миење садови.
Кога се употребува функцијата за мулти-таблети, траењето на циклусите
може да се смени.
Кога ќе почне програмата, функцијата за мулти-таблети НЕ МОЖЕ веќе
да се менува. Ако сакате да ја исклучите функцијата за мулти-таблети,
треба да ја прекинете моменталната програма, па потоа да ја исклучите
функцијата за мулти-таблети.
Во тој случај, ќе мора повторно да поставите програма за миење
саканите опции).
Активирање/деактивирање на функцијата за мулти-таблети (Multi-
tab)
Притиснете го копчето Multi-tab. Се пали соодветното показно светло. Тоа
значи дека функцијата е активна.
За да ја исклучите функцијата, притиснете го повторно копчето Multi-tab:
показното светло се гаси.
Доколку резултатите на сушењето не се задоволителни, предлагаме:
1. Наполнете го дозерот со средство за плакнење.
2. Активирајте го дозерот за средство за плакнење.
3. Поставете ја дозата на средство за плакнење во положба 2.
Активирањето/деактивирањето на дозерот за средството за плакнење
е можно само кога е активна функцијата за мулти-таблети.
Активирање/деактивирање на дозерот за средството за плакнење
1. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Машината за
миење садови мора да биде во режимот за поставување.
2. Притиснете ги истовремено копчињата B и C , додека светлата на
копчињата A , B и C не почнат да трепкаат.
3. Притиснете го копчето В , светлата на копчињата А и С се гасат,
додека светлото на копчето В продолжува да трепка: се пали
показното светло крај на програмата, укажувајќи дека дозерот за
средство за плакнење е активиран.
48