User manual
Програма Извалка
ност
Вид
прибор
Опис на програмата Потрошувачка
1)
Предмиење
Главно миење
Меѓуплакнење
Завршно плакнење
Сушење
Траење (минути)
Енергија (kWh)
Вода (литри)
ECO 50°
4)
Нормалн
а
Чинии и
прибор
за
јадење
150 - 160
1,0 - 1,2
12 - 14
1) Вредностите за потрошувачката се за ориентација и зависат од притисокот и
температурата на водата, како и од варијациите на напонот на струјата и количеството
садови.
2) За време на програмата за миење "Auto" извалканоста на садовите се одредува според
заматеноста на водата. Траењето на програмата, потрошувачката на вода и струја може
да варираат; тоа зависи од наполнетоста на машината и од степенот на извалканост на
садовите. Температурата на водата автоматски се регулира меѓу 45°C и 70°C.
3) Идеално за миење со делумно наполнета машина. Совршена секојдневна програма,
направена да ги задоволи потребите на семејство со 4 членови за миење само на чиниите
и приборот од појадокот и вечерата.
4) Испитна програма за тестирање.
Одбирање и почнување програма за миење
Одберете програма за миење и одложено почнување со подотворена
врата. Програмата или одбројувањето за одложено почнување нема да
почнат додека не ја затворите вратата. Дотогаш може да се менуваат
поставките.
1. Проверете дали корпите се правилно наполнети и дали прскалките
можат слободно да се вртат.
2. Проверете дали е отворена славината за вода.
3. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување: сите светла на
програмските копчиња светат (режим за поставување).
4. Притиснете го копчето за саканата програма (видете во табелата
"Програми за миење садови"). Се пали светлото соодветно на
одбраната програма.
Затворете ја вратата на машината, програмата почнува автоматски.
Поставување и почнување програма со "одложено почнување"
1. Откако сте одбрале програма за миење, притиснете го копчето за
одложено почнување додека не почне да трепка светлото соодветно
за одбраните часови (3h, 6h или 9h).
2. Затворете ја вратата на машината, одбројувањето почнува
автоматски.
50
Одбирање и почнување програма за миење










