User manual
6. Извадете го плоснатиот филтер
од основата на преградата за
миење и темелно измијте ги двете
страни.
7. Вратете го плоснатиот филтер во
основата на преградата за миење
и проверете дали е совршено
наместен.
8. Ставете го грубиот филтер ( A ) во
микрофилтерот ( B ) и притиснете
ги заедно.
9. Вратете го комплетот филтри на
место и заклучете го вртејќи ја
рачката надесно додека не застане. Додека заклучувате, внимавајте
плоснатиот филтер да не штрчи над основата на преградата за
миење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
НИКОГАШ не користете ја машината за миење садови без филтри.
Неправилно поставување и местење на филтрите ќе предизвика послабо
миење и може да го оштети апаратот.
Чистење на прскалките
НИКОГАШ не обидувајте се да ги извадите прскалките.
Ако на дупките на прскалките се наталожила нечистотија, исчистете ја со
дрвено стапче.
Чистење однадвор
Чистете ги надворешните површини на машината и на контролната табла
со мокра мека крпа. Ако е потребно, користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни средства, жици или растворачи
(ацетон, трихлороетилен и сл.).
Чистење однатре
Гумите околу вратата, дозерите за детергент и за средство за плакнење
треба да се чистат редовно со мокра крпа.
Препорачуваме секои 3 месеци да се пушти програмата за миење многу
извалкани садови со детергент, но без садови.
Подолги периоди неработење
Ако не ја користите машината подолго време, ве советуваме:
1. Исклучете го апаратот од струја, па затворете го доводот на вода.
2. Оставете ја вратата подотворена за да спречите создавање
непријатни мириси.
3. Оставете ја внатрешноста на машината чиста.
Нега и чистење
53










