User manual
Притисок на доводот за
вода
Минимум - Максимум
(MPa)
0,05 - 0,8
Капацитет Места за ставање 12
Макс. тежина kg 38
Упатства за монтирање
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Електричните и/или водоводџиските работи, потребни за монтажа на овој
уред треба да ги изведува квалификуван електричар и/или водоводџија
или стручно лице.
Отстранете ја сета амбалажа пред поставување на машината на место.
Доколку е можно, поставете ја машината во близина на славина за вода
и одвод.
Оваа машина за миење садови е конструирана за монтажа под
мијалникот или под работната површина.
Внимание! Внимателно следете ги упатствата од приложениот урнек за
вградување на машината и за монтажа на декоративната маска од
мебелот.
Не се потребни дополнителни отвори за вентилирање на машината за
садови. Потребно е да се остави само доволно простор за поминување
на доводното и одводното црево.
Машината за садови има ногалки што може да се нагодуваат заради
порамнување на висината.
За време на работи што вклучуваат пристап до внатрешните компоненти,
мора да го извлечете утикачот од машината за миење садови.
При вметнување на машината, уверете се дека доводното и одводното
црево, како и напојниот кабел не се превиткани или пригмечени.
Прицврстување на соседни единици
Машината за миење садови мора да е обезбедена против навалување.
Поради тоа, уверете се дека работната површина, под која е монтирана
машината, е соодветно прицврстена на фиксна структура (соседни
кујнски елементи, шкафови, ѕид).
Нивелирање
Доброто нивелирање е од суштинско значење за правилно затворање и
заптивање на вратата. Кога уредот е правилно нивелиран, вратата нема
да зафаќа на нити една страна од кабинетот. Доколку вратата не се
затвора правилно, олабавувајте или затегнувајте ги ногарките сй додека
машината не е совршено нивелирана.
Монтажа
57










