User manual

Поврзување на водата
Поврзување на водоводот
Во апаратот може да се приклучи довод на топла (макс. 60°) или студена
вода.
Со довод на топла вода потрошувачката на енергија може значително да
се намали. Сепак, тоа зависи од начинот на кој се загрева водата.
(Предлагаме алтернативни извори на енергија што се поеколошки, како,
на пр. соларни или фотоволтни плочи и ветерници).
За самото поврзување, спојката монтирана на цревото за довод на вода
на машината е направена да се зашрафи на приклучок од 3/4 цола или
на наменска славина за брзо спојување како што е "Press-block".
Притисокот на водата мора да биде во рамките на вреднстите дадени во
"Технички податоци". Вашето локално водостопанство ќе ви каже колкав
е просечниот притисок на водоводната инсталација во вашето подрачје.
Цревото за довод на вода не смее да биде превиткано, смачкано или
заплеткано кога се поврзува.
Машината за миење садови има црева за довод и одвод на вода што може
да се свртат налево или надесно за да одговараат на инсталацијата со
помош на контраматица.
Контраматицата мора да се намести правилно за да се избегне
протекување на водата.
(Внимание! НЕ сите модели на машини за миење садови имаат црева за
довод и одвод на вода со контраматица. Во тој случај, ваквиот вид
поврзување не е можно). Ако е машината поврзана со нови цевки или со
цевки што не биле користени долго време, треба да ја пуштите водата да
тече неколку минути пред да го поврзете цревото за довод.
НЕ КОРИСТЕТЕ црева за поврзување што претходно биле користени за
стар апарат.
Овој уред е опремен со безбедносни додатоци, кои ќе спречат водата што
се користи во уредот да се врати назад во системот за вода за пиење.
Овој уред е во согласност со важечките одредби за водоводот.
Доводно црево со безбедносен вентил
По приклучување на доводното црево со двоен ѕид, безбедносниот
вентил се наоѓа веднаш до славината. Оттаму, доводното црево е под
притисок само кога водата тече. Ако доводното црево за тоа време почне
да протекува, безбедносниот вентил го прекинува течењето на водата.
Кога го монтирате доводното црево, внимавајте на следново:
Електричниот кабел за безбедносниот вентил се наоѓа во доводното
црево со двоен ѕид. Не потопувајте ги доводното црево или
безбедносниот вентил во вода.
Доколку доводното црево или безбедносниот вентил се оштетат,
веднаш извлечете го утикачот.
Доводното црево со безбедносен вентил смее да го заменува само
стручно лице или некој од сервисната служба.
58
Поврзување на водата