User manual
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Предупредување! Опасен напон.
Приклучување на одводното црево
Крајот од одводното црево може да се приклучи на следните начини:
1. на прстенот од сливникот, обезбедувајќи го на долната страна од
работната површина. Тоа ќе спречи враќање на отпадната вода од
сливникот во машината.
2. На стоечка цевка со вентилациски отвор, со минимален внатрешен
пречник од 4 cm.
Приклучувањето на одводот мора да
биде на висина од максимум 60 cm од
дното на машината за миење садови.
Одводното црево може да биде свртено
од левата или од десната страна на
машината за миење садови.
Уверете се дека цревото не е превиткано
или пригмечено, бидејќи тоа може да
предизвика спречување или успорување
на испуштањето на водата.
Затката од сливникот н смее да биде
ставена кога машината испушта вода,
бидејќи тоа може да предизвика
сифонско враќање на водата во
машината.
Вкупната должина на одводното црево, вклучувајќи секакво евентуално
продолжение, не смее да биде подолго од 4 метри. Внатрешниот пречник
на цревото за продолжување не смее да биде помал од пречникот на
испорачаното црево.
Исто така, внатрешниот пречник на спојките за приклучување на одводот
не смее да биде помал од пречникот на испорачаното црево.
При приклучување на одводното црево на прстен под сливникот, мора да
се отстрани целата пластична мембрана (А) . Доколку не ја отстраните
целата мембрана, со време ќе дојде до натрупување на честичките од
храна и до евентуално блокирање на прстенот за одводното црево од
машината за миење садови.
Поврзување на водата
59










