FAVORIT 55011 I Упатство за ракување Машина за миење садови
Содржина Ви благодариме што одбравте еден од нашите висококвалитетни производи. За да обезбедите оптимална и редовна работа на Вашиот апарат, внимателно прочитајте го ова упатство. Тоа ќе Ви овозможи да се движите низ сите процеси совршено и најефикасно. За да се консултирате со упатството секогаш кога Ви треба, препорачуваме да го чувате на сигурно место. И, Ве молиме, предајте го и на евентуалните идни сопственици на апаратот. Ви пожелуваме големо задоволство со Вашиот нов апарат.
Безбедносни информации Поврзување на водата Доводно црево Одводно црево 26 26 27 Поврзување на струјата Еколошки прашања 3 28 28 Можноста за промени е задржана Упатства за ракување Безбедносни информации Внимателно прочитајте го овој прирачник, пред да го инсталирате и да го користите уредот. Тоа е во интерес на вашата безбедност и за да се осигури правилна работа. Чувајте ги овие упатства и уверете се заедно со машината, ако ја преместувате или продавате.
Безбедносни информации • Детергентите за машина за миење садови може да предизвикаат изгореници на очите, устата и грлото. Може да го доведат животот во опасност! Придржувајте се кон безбедносните упатства на производителот на детергентот за машина за миење садови. • Не пијте ја водата од машината за миење садови. Во уредот може да има остатоци од детергент. • Уверете се дека вратата од уредот е секогаш затворена кога не се користи. Со тоа ќе спречите повреда и сопнување преку отворената врата.
Опис на производот Опис на производот 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Горна корпа Тркалце за тврдост на водата Сад за сол Дозер за детергент Дозер за средство за плакнење Плочка со спецификации Филтри Долна прскалка Горна прскалка 5
Контролна табла Контролна табла 1 2 3 4 5 6 Копче вклучување/исклучување Копчиња за одбирање програми Копче за одложено почнување Показни светла Дигитално екранче Функциски копчиња Показни светла Програма во тек – Се пали кога ќе одберете програма за миење садови. – Останува запалено додека трае програмата. – Се гаси кога ќе заврши програма за миење садови. Крај на програма Се пали кога ќе заврши програма за миење. Помошни функции: • Ниво на омекнувачот на вода.
Контролна табла 7 Показни светла MULTITAB Се пали кога ќе ја вклучите функцијата Multitab. Видете во поглавјето "Функција Multitab". Сол 1) Се пали кога треба да се наполни садот за сол. Видете во поглавјето "Користење сол за машини за миење садови". Откако ќе го наполните садот, показното светло за сол може да продолжи да свети уште неколку часа. Ова нема несакани влијанија врз работата на апаратот.
Пред првата употреба Режим за поставување Апаратот мора да биде во режимот за поставување за следниве работи: • Поставување програма за миење садови. • Поставување на омекнувачот на вода. • Деактивирање/активирање на дозерот за средство за плакнење. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Апаратот е во режим за поставување кога: – Сите програмски показни светла се палат и на дигиталното екранче се прикажани три хоризонтални црти. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување.
Нагодување на омекнувачот на водата 9 Дознајте ја тврдоста на водата во вашето подрачје и прилагодете го омекнувачот на водата. Вашето локално водостопанство може да ви каже колкава е тврдоста на водата во вашето подрачје.
Користење на сол за машина за миење садови – Почнува да трепка показното светло за крај на програма. Функцијата за поставување на омекнувачот на вода е активирана. Показното светло за крај на програма трепка за да го покаже нивото на омекнувачот на вода. Паузата е околу 5 секунди. Пример: 5 трепкања, пауза, 5 трепкања, пауза, итн. = ниво 5 6. Притиснете го функциското копче А еднаш за да го зголемите нивото на омекнувачот на вода за еден чекор. 7.
Користење на средство за плакнење 11 Средството за плакнење овозможува сушење на садовите без ленти и дамки. Средството за плакнење автоматски се додава за време на последното плакнење. Направете го следново за да го наполните дозерот за средство за плакнење: 1. Притиснете го копчето за ослободување (A) за да го отворите дозерот за средство за плакнење. 2. Наполнете го дозерот со средство за плакнење. Ознаката "max." го покажува максималното ниво. 3.
Полнење прибор за јадење и садови Свртете го тркалцето за средство за плакнење за да ја зголемите или намалите дозата. – Зголемете ја дозата ако има капки вода или бигор на садовите. – Намалете ја дозата ако има ленти, белузлави дамки или синкави слоеви на садовите. Полнење прибор за јадење и садови Совети и препораки ВНИМАНИЕ Користете го апаратот само за прибор за домаќинство што може да се мие во машина. Не користете го апаратот за перење предмети што впиваат вода (сунѓери, крпи и сл.).
Полнење прибор за јадење и садови 13 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Секогаш затворајте ја вратата откако ќе го наполните или испразните апаратот. Отворена врата може да биде опасна. Долна корпа Ставајте ги поголемите и поизвалканите садови и тави во долната корпа. Редовите шилци во долната корпа може да се спуштат за да се стават поголеми садови, тенџериња, тави и каленици. Корпа за прибор за јадење ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не ставајте ги ножевите со долги острици во исправена положба.
Полнење прибор за јадење и садови Користете ги мрежите за прибор. • Ставете ги мрежите на корпата за прибор. • За поголем прибор, користете ги само мрежите за прибор. • Ставајте ги виљушките и лажиците со рачките надолу. • Ставајте ги ножевите со рачките нагоре. • Мешајте ги лажиците со друг прибор за да не се залепат една за друга. Горна корпа Горната корпа е за чинии, каленици, шолји, чаши, тенџериња и капаци. Наредете ги предметите така што водата ќе може да допре до сите површини.
Користење на детергент 15 • За подолгите предмети преклопете ги држачите за шолји нагоре. • Ставете ги чашите со долги ногарки во држачот за чаши со ногарките нагоре. Прилагодување на височината на горната корпа Горната корпа може да ја ставате во две положби за поголема флексибилност при полнењето. Најголема височина на садовите во: горната корпа долната корпа Горна положба 22 см 30 см Долна положба 24 см 29 см Направете го следново за да ја поместите горната корпа во долна/горна положба: 1.
Користење на детергент Не ставајте повеќе детергент од препорачаното. Со тоа ќе помогнете во спречување на загадувањето. Направете го следново за да го наполните дозерот за детергент: 1. Отворете го капакот на дозерот за детергент. 2. Наполнете го дозерот за детергент ( A) со детергент. Ознаката ја покажува дозата: 20 = околу 20 г детергент 30 = околу 30 г детергент. 3. Ако користите програма за миење садови со предмиење, ставете повеќе детергент во преградата за детергент за предмиење ( B). A B 4.
Функцијата Multitab 17 Различните марки детергент се раствораат за различно време. Некои детергенти во таблети не даваат најдобри резултати на миење за време на кусите програми. Користете долги програми за миење, кога користите детергент во таблети. Тоа помага во целосно отстранување на детергентот. Функцијата Multitab Функцијата Multitab е за комбинирани детергентски таблети. Овие таблети содржат детергент, средство за плакнење и сол за машини за садови.
Програми за миење – Показното светло за функциското копче B продолжува да трепка. 5. Притиснете го функциското копче B повторно. – Се пали показното светло за крај на програма. 6. За да ја меморирате поставката, исклучете го апаратот. За да го исклучите дозерот за средство за плакнење, извршете ги горните чекори додека не се изгасне показното светло за крај на програма. За повторно користење на обичен детергент: 1. Деактивирајте ја функцијата Multitab. 2.
Бирање и стартување на програма за миење Програма Извалканост Секаква 19 Вид прибор Опис на програмата Делумно полнење (што ќе се дополни подоцна истиот ден). 1 студено плакнење (за да се спречи закоравување на остатоците храна). За оваа програма не е неопходен детергент. 1) За време на програмата за миење Automatic извалканоста на садовите се одредува според заматеноста на водата. Траењето на програмата и потрошувачката може да бидат различни.
Бирање и стартување на програма за миење – Дигиталното екранче покажува една хоризонтална линија. Останува запалено додека трае програмата. Кога работи програма за миење садови, не може да ја смените. Откажете ја програмата за миење. Може да одберете програма за миење и одложено почнување и со затворена врата. Кога ќе притиснете програмско копче имате само 3 секунди да одберете друга програма или одложено почнување. По тие 3 секунди, одбраната програма почнува автоматски.
Нега и чистење 21 5. Кога ќе заврши одбројувањето, програмата за миење почнува автоматски. – Се пали показното светло за програма во тек. Не отворајте ја вратата за време на одбројувањето за да не го прекинете. Кога повторно ќе ја затворите вратата, одбројувањето почнува од точката на прекинот. Откажување одложено почнување 1. Држете ги притиснати функциските копчиња B и C додека: – Сите програмски светла се палат. – Дигиталното екранче покажува три хоризонтални линии.
Нега и чистење Машината за миење садови има три филтри: 1. груб филтер (A) 2. микрофилтер (B) 3. плоснат филтер (C) Направете го следново за да ги A исчистите филтрите: 1. Отворете ја вратата. 2. Извадете ја долната корпа. B C 3. За да го отклучите системот за филтрирање, свртете ја рачката на микрофилтерот (B) околу 1/4 налево. 4. Извадете го системот за филтрирање. 5. Фатете го грубиот филтер (А) за рачката со дупка. 6. Извадете го грубиот филтер (А) од микрофилтерот (В). 7.
Што да сторите ако... 23 Ако дупките на прскалките се затнат, исчистете ја нечистотијата со дрвено стапче. Чистење однадвор Чистете ги надворешните површини на машината и на контролната табла со влажна мека крпа. Користете само неутрални детергенти. Не употребувајте абразивни производи, жица за стружење или растворувач (ацетон, трихлоретилен итн....). Спречување замрзнување ВНИМАНИЕ Не инсталирајте го уредот онаму, каде што температурата е под 0 °C.
Што да сторите ако... Шифри за дефекти и неправилно функционирање Можни причини и решение • постојано трепкање на • Затворете ја славината и јавете се на светлото на вклучената локалниот сервисен центар. програма • 3 трепкања на показното светло за крај на програма Се вклучил уредот за заштита од поплавување Програмата не почнува • Вратата на апаратот не е затворена. Затворете ја вратата. • Приклучникот за струја не е во штекер. Ставете го во штекер. • Изгорел осигурувач на таблата.
Технички податоци 25 Миењето не е задоволително Има ленти, бели дамки • Намалете ја дозата на средството за плакнење. или син слој на чашите и садовите На чашите и садовите има дамки од капки вода • Зголемете ја дозата на средството за плакнење. • Детергентот може да е причина.
Поврзување на водата Машината за садови има прилагодливи ногарки за регулирање на височината. Кога ја местите машината, внимавајте доводното и одводното црево и кабелот за струја да не се превиткани или смачкани. Прицврстување на апаратот за соседните елементи Внимавајте работната маса под која го прицврстувате апаратот да има безбедна структура (соседни кујнски елементи, плакари, ѕид). Нивелирање на апаратот Внимавајте апаратот да е нивелиран за да може вратата да се затвора добро.
Поврзување на водата 27 • Доколку доводното црево или безбедносниот вентил се оштетени, веднаш извадете го приклучникот од штекерот за струја. • Доводното црево со безбедносен вентил може да го заменува само сервисен центар. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасен напон Одводно црево 1. Поврзете го одводното црево со одвод за вода под лавабо и закачете го под работната површина. Тоа ќе спречи влегување на отпадната вода од лавабото во апаратот. 2.
Поврзување на струјата Ако го поврзувате одводното црево со одвод за вода под лавабо, извадете ја пластичната мембрана (А). Ако не ја извадите мембраната, преостанатата храна може да го блокира приклучникот на одводното црево. Апаратот има безбедносна функција за да се спречи враќање на валканата вода во апаратот. Ако приклучникот на лавабото има неповратен вентил, тој може да предизвика неправилно испуштање вода на апаратот. Извадете го неповратниот вентил.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ За да го расходувате апаратот, постапете вака: • Извадете го приклучникот за струја од штекерот. • Исечете ги кабелот и приклучникот за струја и расходувајте ги. • Фрлете ја бравата на вратата. Тоа ќе спречи деца да се затворат во апаратот и да си го загрозат животот.
117953850 - 00 - 042009 www.electrolux.