FAVORIT SILENCE PLUS Упатство за ракување Машина за миење садови
Содржина Ви благодариме што одбравте еден од нашите висококвалитетни производи. За да обезбедите оптимална и редовна работа на Вашиот апарат, внимателно прочитајте го ова упатство. Тоа ќе Ви овозможи да се движите низ сите процеси совршено и најефикасно. За да се консултирате со упатството секогаш кога Ви треба, препорачуваме да го чувате на сигурно место. И, Ве молиме, предајте го и на евентуалните идни сопственици на апаратот. Ви пожелуваме големо задоволство со Вашиот нов апарат.
Безбедносни информации Еколошки прашања 3 29 Можноста за промени е задржана Упатства за ракување Безбедносни информации Внимателно прочитајте го овој прирачник, пред да го инсталирате и да го користите уредот. Тоа е во интерес на вашата безбедност и за да се осигури правилна работа. Чувајте ги овие упатства и уверете се заедно со машината, ако ја преместувате или продавате. Сите лица, кои го користат уредот, мора целосно да бидат запознаени со неговата работа и неговите безбедносни опции.
Безбедносни информации • Не пијте ја водата од машината за миење садови. Во уредот може да има остатоци од детергент. • Уверете се дека вратата од уредот е секогаш затворена кога не се користи. Со тоа ќе спречите повреда и сопнување преку отворената врата. • Немојте да седите или стоите на вратата. Безбедност на децата • Со овој уред смеат да ракуваат само возрасни. Децата мора да се надгледуваат за да бидете сигурни дека нема да играат со уредот. • Држете ја сета амбалажа подалеку од децата.
Опис на производот Опис на производот 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Горна корпа Тркалце за тврдост на водата Сад за сол Дозер за детергент Дозер за средство за плакнење Плочка со спецификации Филтри Долна прскалка Горна прскалка Работна површина 5
Контролна табла Контролна табла D 1 2 3 4 5 6 E Копче вклучување/исклучување Копчиња за одбирање програми Копче за одложено почнување Показни светла Дигитално екранче Функциски копчиња Показни светла Програма во тек Показното светло се пали кога ќе одберете програма за миење садови. MULTITAB Показното светло укажува на вклучување/исклучување на функцијата за мултитаблети. Видете во "Функција Multitab".
Контролна табла 7 Показни светла Сол 1) Показното светло се пали кога е неопходно да се наполни садот за сол. Видете во "Користење сол за машини за миење садови". Откако ќе го наполните садот, показното светло за сол може да продолжи да свети уште неколку часа. Ова нема несакани влијанија врз работата на апаратот. Средство за плакнење 1) Показното светло се пали кога е неопходно да се наполни средство за плакнење. Видете во "Користење средство за плакнење".
Пред првата употреба • Деактивирање/активирање на дозерот за средство за плакнење. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Апаратот е во режим за поставување кога: – Се палат сите програмски показни светла. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Апаратот не е во режим за поставување кога: – Се пали само едно програмско показно светло – Поставена е програма за миење. Треба да ја откажете програмата за да се вратите во режимот за поставување.
Нагодување на омекнувачот на водата Тврдост на водата 9 Поставка за тврдост на водата °dH °TH mmol/l Кларкови степени рачно електронски 51 - 70 91 - 125 9,1 - 12,5 64 - 88 2 10 43 - 50 76 - 90 7,6 - 9,0 53 - 63 2 9 37 - 42 65 - 75 6,5 - 7,5 46 - 52 2 8 29 - 36 51 - 64 5,1 - 6,4 36 - 45 2 7 23 - 28 40 - 50 4,0 - 5,0 28 - 35 2 6 19 - 22 33 - 39 3,3 - 3,9 23 - 27 2 5 15 - 18 26 - 32 2,6 - 3,2 18 - 22 1 4 11 - 14 19 - 25 1,9 - 2,5 13 - 17 1 3 4 - 10 7 -
Користење на сол за машина за миење садови Пример: дигиталното екранче покажува = ниво 5. 6. Притиснете го функциското копче А еднаш за да го зголемите нивото на омекнувачот на вода за еден чекор. 7. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја меморирате поставката. Користење на сол за машина за миење садови ВНИМАНИЕ Користете само сол за машини за садови. Сол што не е за машини за садови предизвикува оштетувања на омекнувачот на вода.
Користење на средство за плакнење 11 Направете го следново за да го наполните дозерот за средство за плакнење: 1. Притиснете го копчето за ослободување (A) за да го отворите дозерот за средство за плакнење. 2. Наполнете го дозерот со средство за плакнење. Ознаката "max." го покажува максималното ниво. 3. Отстранете го истуреното средство за плакнење со впивлива крпа за да спречите преголемо пенење за време на следната програма за миење садови. 4. Затворете го дозерот за средство за плакнење.
Полнење прибор за јадење и садови Свртете го тркалцето за средство за плакнење за да ја зголемите или намалите дозата. – Зголемете ја дозата ако има капки вода или бигор на садовите. – Намалете ја дозата ако има ленти, белузлави дамки или синкави слоеви на садовите. Полнење прибор за јадење и садови Совети и препораки ВНИМАНИЕ Користете го апаратот само за прибор за домаќинство што може да се мие во машина. Не користете го апаратот за перење предмети што впиваат вода (сунѓери, крпи и сл.).
Полнење прибор за јадење и садови 13 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Секогаш затворајте ја вратата откако ќе го наполните или испразните апаратот. Отворена врата може да биде опасна. Долна корпа Ставајте ги поголемите и поизвалканите садови и тави во долната корпа. Редовите шилци во долната корпа може да се спуштат за да се стават поголеми садови, тенџериња, тави и каленици. Корпа за прибор за јадење ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не ставајте ги ножевите со долги острици во исправена положба.
Полнење прибор за јадење и садови Користете ги мрежите за прибор. • Ставете ги мрежите на корпата за прибор. • За поголем прибор, користете ги само мрежите за прибор. • Ставајте ги виљушките и лажиците со рачките надолу. • Ставајте ги ножевите со рачките нагоре. • Мешајте ги лажиците со друг прибор за да не се залепат една за друга. Горна корпа Горната корпа е за чинии, каленици, шолји, чаши, тенџериња и капаци. Наредете ги предметите така што водата ќе може да допре до сите површини.
Полнење прибор за јадење и садови • За подолгите предмети преклопете ги држачите за шолји нагоре. • Ставете ги чашите со долги ногарки во држачот за чаши со ногарките нагоре. • За чашите со долги ногарки, свртете го држачот за чаши лево или десно. • Може да го отворите или склопите редот шилци од левата страна на горната корпа за да ја зголемите флексибилноста на полнењето.
Користење на детергент Направете го следново за да ја поместите горната корпа во долна/горна положба: 1. Повлечете ја горната корпа додека не застане. 2. Држејќи ја горната корпа за рачката, поткренете ја додека може, па спуштете ја вертикално. Горната корпа се заглавува во долната или горната положба. Користење на детергент Користете само детергенти (во прав, течни или во таблети), кои се наменети за машина за миење садови.
Функцијата Multitab 3. Ако користите програма за миење садови со предмиење, ставете повеќе детергент во преградата за детергент за предмиење ( B). 17 A B 4. Ако користите детергентски таблети, ставете ја таблетата во дозерот за детергент ( A). 5. Затворете го капакот на дозерот за детергент. Притиснете го капакот додека не се заглави. Различните марки детергент се раствораат за различно време. Некои детергенти во таблети не даваат најдобри резултати на миење за време на кусите програми.
Функцијата Multitab Програмата може да трае подолго ако ја користите функцијата Multitab. Активирајте ја или деактивирајте ја функцијата Multitab пред да почнете програма за миење. Не може да ја активирате или деактивирате функцијата Multitab додека трае некоја програма. Откажете ја програмата за миење, а потоа повторно поставете ја. Активирање на функцијата Multitab: • Држете ги притиснати истовремено двете копчиња за Multitab (функциските копчиња D и E). Показното светло за Multitab се пали.
Програми за миење садови 19 За повторно користење на обичен детергент: 1. Деактивирајте ја функцијата Multitab. 2. Наполнете ги садовите за сол и за средство за плакнење. 3. Прилагодете ја поставката за тврдост на водата на највисоко ниво. 4. Пуштете програма за миење, но без садови. 5. Прилагодете го омекнувачот на вода за тврдоста на водата во вашата област. 6. Прилагодете го дозирањето на средството за плакнење.
Одбирање и почнување програма за миење Потрошувачка Програма Траење (во минути) 1) Енергија (во kWh) Вода (во литри) AUTOMATIC - 1,1 - 1,7 12 - 23 30 MIN - 0,9 9 INTENSIV CARE 70° - 1,5 - 1,7 16 - 18 ECO 50° - 1,0 - 1,1 12 - 13 - 0,8 - 0,9 14 - 15 1) Дигиталното екранче го прикажува траењето на програмата. Притисокот и температурата на водата, варијациите во електричното напојување и количеството садови може да ги сменат овие вредности.
Одбирање и почнување програма за миење 21 – Сите програмски светла засветат, – Се гаси показното светло за програма во тек. 2. Отпуштете ги функциските копчиња B и C за да ја откажете програмата за миење. Сега може да го направите следново: 1. Исклучете го апаратот. 2. Поставете нова програма за миење садови. Наполнете го дозерот за детергент пред да поставите нова програма за миење. Прекинување програма за миење Отворете ја вратата. • Програмата запира. Затворете ја вратата.
Нега и чистење Завршување програма за миење Исклучете го апаратот при следново: • Апаратот запира автоматски. • Екранчето покажува 0. • Показното светло за програма во тек останува запалено. 1. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување. 2. Отворете ја вратата. 3. За подобри резултати на сушењето, држете ја вратата подотворена неколку минути пред да ги извадите садовите. Оставете ги садовите да се изладат пред да ги извадите од апаратот. Жешките садови лесно се оштетуваат.
Нега и чистење 23 3. За да го отклучите системот за филтрирање, свртете ја рачката на микрофилтерот (B) околу 1/4 налево. 4. Извадете го системот за филтрирање. 5. Фатете го грубиот филтер (А) за рачката со дупка. 6. Извадете го грубиот филтер (А) од микрофилтерот (В). 7. Извадете го плоснатиот филтер (C) од долниот дел на апаратот. 8. Исчистете ги филтрите под чешма. 9. Ставете го плоснатиот филтер (C) во долниот дел на апаратот. 10.
Што да сторите ако... Што да сторите ако... Апаратот не почнува или прекинува да работи. Ако има дефект, првин обидете се сами да најдете решение за проблемот. Ако не можете сами да најдете решение за проблемот, јавете се на сервисниот центар. ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот пред да ги вршите долу предложените постапки за решавање на проблемите.
Технички податоци 25 Ако на екранчето се прикаже шифра за дефекти што не е опишана во табелата, јавете се на сервисниот центар. Овие податоци се неопходни за да добиете брза и правилна помош: • Модел (Mod.) • Број на производот (PNC) • Сериски број (S.N.) За овие податоци, видете на плочката со спецификации. Запишете ги неопходните податоци тука: Опис на моделот : .......... Број на производот : .......... Сериски број : ..........
Монтажа Капацитет Места за ставање 12 Упатства за монтирање Монтажа Местење под работна површина ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Внимавајте приклучникот за струја да е изваден од штекерот за време на местењето. Ставете го апаратот до славина и одвод за вода. Извадете ја работната површина на апаратот за да го наместите под лавабо или под кујнска работна површина. Внимавајте димензиите на отворот да одговараат на дадените димензии. Направете го следново за да ја извадите работната површина на апаратот. 1.
Поврзување на водата 27 3. Кренете ја работната површина и извадете ја од предните процепи. 4. Изнивелирајте го апаратот со прилагодливите ногарки. Наместете го апаратот под кујнската работна површина. Внимавајте цревата за вода да не се извиткани или заплеткани. Ако е потребно сервисирање, апаратот мора да е лесно достапен за техничарот. Вратете ја работната површина на апаратот ако сакате да ја користите машината за садови како самостоен апарат. Столбната плоча на самостојниот апарат не се прилагодува.
Поврзување на водата вода. Ако доводното црево протекува, безбедносниот вентил ја сопира водата што тече. Внимавајте кога го поврзувате доводното црево: • Не ставајте ги доводното црево и безбедносниот вентил во вода. • Доколку доводното црево или безбедносниот вентил се оштетени, веднаш извадете го приклучникот од штекерот за струја. • Доводното црево со безбедносен вентил може да го заменува само сервисен центар. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасен напон Одводно црево max 400 cm 1.
Поврзување на струјата 29 Ако го поврзувате одводното црево со одвод за вода под лавабо, извадете ја пластичната мембрана (А). Ако не ја извадите мембраната, преостанатата храна може да го блокира приклучникот на одводното црево. Апаратот има безбедносна функција за да се спречи враќање на валканата вода во апаратот. Ако приклучникот на лавабото има неповратен вентил, тој може да предизвика неправилно испуштање вода на апаратот. Извадете го неповратниот вентил.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ За да го расходувате апаратот, постапете вака: • Извадете го приклучникот за струја од штекерот. • Исечете ги кабелот и приклучникот за струја и расходувајте ги. • Фрлете ја бравата на вратата. Тоа ќе спречи деца да се затворат во апаратот и да си го загрозат животот.
117976171-00-072009 www.electrolux.