User manual

Не преварувајте ги јадењата со премногу големи вредности на
моќност и време. Јадењата би можеле на одредени места да се
исушат, да изгорат или да се запалат.
При работата, просторот за готвење, грејното тело на скарата и
деловите од приборот стануваат жешки. Заради тоа, при
ракување користете крпа за фаќање или слично. Опасност од
изгореници!
Металните предмети мора да бидат оддалечени од ѕидовите и
од вратата на просторот за готвење најмалку 2 cm. Инаку може
да дојде до прескокнување на искри и до оштетување на уредот.
Доколку не е поинаку препорачано, не користете алуминиумска
фолија.
Не заглавувајте ништо помеѓу вратата у рамката од вратата.
Секогаш одржувајте ги чисти дихтунгот од вратата, површините
за дихтување и внатрешноста. Извалканиот уред може да
доведе до опасни ситуации.
Не чувајте запаливи предмети во рерната. При вклучувањето
тие би можеле да се запалат.
Вака ќе спречите оштетување на уредот
Не обложувајте ја рерната со алуминиумска фолија и не
поставувајте тенџериња итн. на дното, бидејќи емајлот на
рерната може да се оштети поради задржувањето на топлината.
Овошниот сок, кој капе од тавата за печење, остава дамки, кои
веќе не можат да се отстранат. За многу сочни колачи
употребувајте длабока тава.
Не оптоварувајте ја отворената врата од рерната.
Никогаш не истурајте вода директно во жешката рерна. Може да
дојде до оштетување на емајлот и промени на бојата.
При примена на сила, особено на рабовите на предното стакло,
може да дојде до кршење на стаклото.
Не чувајте запалливи предмети во рерната. При вклучувањето
тие би можеле да се запалат.
Не чувајте влажни прехранбени производи во рерната. Може да
дојде до оштетување на емајлот.
8 Совети за безбедност