LAVAMAT 12843 VIT MK МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ СО СУШАЛНА УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ
ЗА СОВРШЕНИ РЕЗУЛТАТИ Ви благодариме за изборот на овој производ на AEG. Го создадовме за да ви пружиме одлична работа за многу години, со иновативни технологии што помагаат да го направат животот поедноставен карактеристики што можеби нема да ги најдете на обичните апарати. Потрошете неколку минути за читање за да го добиете најдоброто од него.
Содржина 3 СОДРЖИНА 4 6 8 11 11 12 16 18 19 22 23 26 27 33 36 36 37 42 43 44 Безбедносни информации Опис на производот Контролна табла Прва употреба Персонализација Секојдневна употреба Користење - Само сушење Користење - Перење и Сушење Програми за миење Програми за сушење Помошни напомени и совети Корисни совети за сушење Нега и чистење Што да сторите ако...
Безбедносни информации БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ Внимателно прочитајте и чувајте за идни потреби. • Безбедноста на вашиот уред одговара на индустриските стандарди и на законските барања за безбедноста на уредите. Сепак, како производители, сметаме дека наша должност е да ги дадеме следниве безбедносни напомнувања. • Многу е важно, ова упатство да остане заедно со уредот за идни потреби.
Безбедносни информации 5 Инсталирање • Овој уред е тежок. Бидете внимателни кога го преместувате. • При распакување, проверете дали уредот е оштетен. Не користете го доколку се сомневате и обратете се во сервисниот центар. • Сета амбалажа и транспортните клинови мора да се отстранат пред употребата. Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до сериозно оштетување на уредот. Погледнете го соодветното поглавје во прирачникот.
Опис на производот перете-и-да-сушите, треба да ја користите вообичаената фиока на дозерот за детергент. • Никогаш не влечете го кабелот за да го извлечете штекерот од приклучницата; секогаш фаќајте го самиот штекер. • Никогаш не користете го новиот уред ако кабелот за струја, контролната табла, работната површина или основата се оштетени на начин, кој овозможува слободен пристап во внатрешноста на уредот.
Опис на производот 7 2 1 3 4 5 6 1 2 3 4 5 6 Фиока на дозерот за детергент Контролна табла Рачка за отворање на вратата Плочка со спецификации Одводна пумпа Ногарки за нивелирање Фиока за детергент Оддел за фаза на претперење или отстранувач на дамки. Детергентот за претперење се додава на почетокот од програмата за перење. Отстранувачот на дамки се додава за време на STAIN-Action фазата при главното перење. Преграда за прашкаст или течен детергент што се користи за главно перење.
Контролна табла омекнувачи или адитиви за штиркање мора да се всипат во преградата пред самото стартување на програмата за перење. КОНТРОЛНА ТАБЛА Подолу е слика на контролната табла. На неа програматорот, како и копчињата и контролните сијалички. Тие се претставени со соодветни броеви на следните страници.
Приказ ВОЛНА (РАЧНО ПЕРЕЊЕ) ECO 9 ПАМУК ШТЕДЛИВО (Програма за штедење енергија) СТУДЕНО Симболи на копчињата за притискање ЗАБАВЕНО ЦЕНТРИФУГИРАЊЕ СТАРТ/ПАУЗА БЕЗ ПЛАКНЕЊЕ ЗАКЛУЧЕНА ВРАТА ДАМКИ ФАЗА ЗА СУШЕЊЕ ВРЕМЕ (Штедење време) ФАЗА ЗА ПЕРЕЊЕ ДОПОЛНИТЕЛНО ПЛАКНЕЊЕ ОДЛОЖЕН ПОЧЕТОК ЗАКЛУЧУВАЊЕ ЗА ДЕЦА ЕКРАН (Време на завршување) ВРЕМЕ НА СУШЕЊЕ ПРИКАЗ 7.2 7.3 7.1 7.
Кога програмата ќе заврши, се прикажува нула која трепка. Светлото за ВРАТАТА 10.3, светлото за ПЕРЕЊЕ 10.1 (или светлото за СУШЕЊЕ 10.2) и светлото на копчето 8 се исклучуваат. Вратата може да се отвори. Неправилно одбирање на опција Ако се одбере опција што не е соодветна со поставената програма за перење, се прикажува пораката Err околу 2 секунди и жолтото светло на копчето 8 почнува да трепка.
Прва употреба 11 ПРВА УПОТРЕБА • Уверете се дека приклучувањето на струјата и на водата е во согласност со упатствата за монтажа. • Отстранете го блокот од стиропор и сиот останат материјал од барабанот. • Пред првото перење вклучете циклус за памук на највисока температура, без алишта во машината, за да ги отстраните производните остатоци од барабанот и коритото. Всипете 1/2 мерка детергент во главната преграда и стартувајте ја машината.
Секојдневна употреба СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА Полнење на алиштата 1. 2. Отворете ја вратата со внимателно влечење на рачката кон надвор. Ставете ги алиштата во барабанот, едно по едно, протресувајќи ги што е можно повеќе. Добро затворете ја вратата. Мора да чуете клик при затворањето. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не пикајте ги алиштата меѓу вратата и гумениот зглоб. Само перење Измерете детергент и омекнувач Вашиот нов апарат е конструиран за намалување на потрошувачката на вода, енергија и детергент. 1.
Секојдневна употреба 2. 13 Ако е потребно, ставете омекнувач во преградата означена со (употребеното количество не смее да ја надмине ознаката MAX во фиоката). Полека затворете ја фиоката. Одберете ја саканата програма со вртење на програматорот (1) Можете да ја одберете вистинската програма за секој вид алишта според описите во табелата на програмите за перење (видете во „Програми за перење“). Завртете го програматорот на потребната програма. Програматорот го одредува видот циклус за перење (на пр.
Секојдневна употреба Копчиња за опциите на програмите Зависно од програмата, може да се комбинираат различни функции. Тие мора да се избираат по одбирање на саканата програма и пред притискање на копчето 8. Кога ќе ги притиснете овие копчиња, на екранот ќе се запалат соодветните контролни сијалици. Кога ќе се притиснат повторно, контролните светилки се гаснат.
Секојдневна употреба 15 Изберете ОДЛОЖЕН ПОЧЕТОК (Копче 9) Ако сакате да го одложите стартувањето, пред да ја стартувате програмата, притиснете го копчето повеќе пати, за да го изберете саканото одложување. Избраното одложување (до 20 часа) ќе се појави на екранот во траење од 3 секунди, па потоа повторно ќе се прикаже траењето на програмата. Оваа опција мора да ја изберете откако ќе ја нагодите програмата и пред да го притиснете копчето 8.
Отворање на вратата откако програмата ќе стартува Кога машината работи и во текот на одложеното време, вратата е заклучена. Ако од која било причина треба да ја отворите, прво ставете ја машината на пауза, со притискање на копчето8. Доколку симболот 10.3 се изгаси после неколку минути, вратата може да се отвори. Ако симболот 10.3 остане запален и вратата е заклучена, тоа значи дека машината веќе загрева или дека нивото на водата е премногу високо. Во тој случај, вратата не може да се отвора.
Користење - Само сушење 17 Може да сушите и до 4 kg памучни алишта (види табела «Програма за сушење»). Славината за вода мора да биде отворена, а одводното црево поставено во мијалникот или приклучено на одводна цевка. 1. Полнење алишта. 2. За да добиете најдобри резултати на сушење, изберете циклус на центрифугирање со максималната брзина на центрифуга дозволена за типот на алиштата. 3. Во одделот за сушење, на бирачот на програми, изберете ја програмата за сушење за памук или синтетика. 4.
Користење - Перење и Сушење КОРИСТЕЊЕ - ПЕРЕЊЕ И СУШЕЊЕ Програма НОН-СТОП: Перење и временски определено сушење Препорачаната тежина на полнењето изнесува 3 kg за памучни и 2 kg за синтетички алишта. Може да сушите и до 4 kg памучни алишта (види табела «Програма за сушење»). ВНИМАНИЕ Не користете уред/топче за дозирање, кога изведувате програма на перење и сушење. 1. 2. 3. Полнење алишта. Додајте детергент и омекнувач. Вклучете ја машината: завртете го програматорот на потребната програма/ ткаенина.
Програми за миење 19 ПРОГРАМИ ЗА МИЕЊЕ Програма Максимална и минимална температура Опис на циклусот Максимална брзина на центрифугирање Максимално полнење со алишта Вид на алишта Опции ПАМУК 95°- 30° Главно перење - Плакнења – Долго центрифугирање Максимална брзина на центрифугата 1400 врт./ мин. Макс. полнење 6 kg – Намалено полнење 3 kg За бел и трајно обоен памук (нормално валкани предмети).
Програми за миење Програма Максимална и минимална температура Опис на циклусот Максимална брзина на центрифугирање Максимално полнење со алишта Вид на алишта ЧУВСТВИТЕЛНИ 40°- 30° Главно перење - Плакнења – Кратко центрифугирање Максимална брзина на центрифугата 1200 врт./ мин. Макс полнење 3 кг – Намалено полнење кг 1,5 Нежни ткаенини: акрилни, вискозни, полиестерски.
Програми за миење Програма Максимална и минимална температура Опис на циклусот Максимална брзина на центрифугирање Максимално полнење со алишта Вид на алишта ЦЕНТРИФУГИРАЊЕ Испуштање и долго центрифугирање Максимална брзина на центрифугата 1400 врт./ мин. Макс. полнење 6 кг Посебно центрифугирање за рачно перени делови од облеката и по програмите со опцијата Запирање плакнење Пред избирање на оваа програма, програматорот мора да се заврти на .
Програми за сушење Програма Максимална и минимална температура Опис на циклусот Максимална брзина на центрифугирање Максимално полнење со алишта Вид на алишта ПАМУК ЕКО 40° Главно перење - Плакнења – Долго центрифугирање Максимална брзина на центрифугата 1400 врт./ мин. Макс. полнење 6 кг Бел и трајно обоен памук или мешани ткаенини нормално извалкани алишта.
Помошни напомени и совети 23 Во согласност со Директивата на ЕЗ EN 50229 референтната програма за памук, во врска со податоците внесени во Етикетата за енергија, мора да биде тестирана со поделба на максималното полнење на два еднакви дела и нивно одделно сушење со ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА СУШЕЊЕТО. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ Сортирање на алиштата Следете ги шифрираните симболи за перење на секој дел од облеката и упатствата на производителот за перење.
Помошни напомени и совети Перењето со максимално полнење е најекономично за потрошувачката на вода и струја. За многу валкани алишта, намалете ја количината на полнење. Тежина на алиштата Следните тежини се ориентациски вредности: Следните тежини се ориентациски вредности: бањарка 1.
Помошни напомени и совети 25 Дамки од катран: прво третирајте со отстранувач на дамки, метилни алкохоли или бензин, па потоа истријте со детергент во паста. Детергенти и адитиви Добрите резултати на перењето зависат и од изборот на детергент и од користењето на правилните количества за да се избегне непотребно трошење и да се заштити животната средина. Иако биолошки се разградуваат, детергентите содржат материи што во големи количества можат да ја разнишаат чувствителната рамнотежа на природата.
Корисни совети за сушење КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА СУШЕЊЕ Подготвување на циклусот на сушење Како машина за сушење, уредот работи на принципот на кондензација. Оттаму, славината за вода мора да биде отворена, а одводното црево поставено во мијалникот или приклучено на одводна цевка, дури и во текот на циклусот на сушење. Внимание! Пред стартување на програма за сушење, намалете ја количината на алиштата за да постигнете добри резултати.
Нега и чистење 27 • потребниот степен на сушење (суво за пеглање, суво за во плакар) • вид на алиштата • тежина на полнењето . Просечното траење на сушењето за темпирано сушење е наведено во поглавјето "Програми за сушење". Искуството ќе ви помогне да ги исушите алиштата на најсоодветен начин, во зависност од различните ткаенини. Прибележете го траењето на сушењето за веќе изведувани циклуси.
Нега и чистење Немојте за чистење на кабинетот да користете метилирани алкохоли, растворувачи или слични производи. Фиока за детергент Фиоката за детергент треба да се чисти редовно. 1. За полесно чистење, горниот дел на преградата за адитиви треба да се извади. Извадете ја фиоката така што резето ќе го притиснете надолу и ќе ја извлечете. 2. Исплакнете ја под чешма за да отстранете секакви трагови од наталожен прашок. 3.
Нега и чистење 1. 2. 29 Отстранете ги наслагите од рѓа со средство за чистење за челик што не рѓосува. Пуштете циклус на перење без алишта, за да ги исчистите сите остатоци од средствата за чистење. Програма: куса програма за памук при максимална температура, со прибл. 1/4 мерник детергент. Дихтунг на вратата Повремено проверувајте ја заптивката од вратата и евентуално заглавените предмети во превиткувањето.
Нега и чистење 4. Ослободете го цревото за итно празнање (В), ставете го во садот и извадете го капачето. 5. Откако водата ќе престане да тече, одвртете го капакот на пумпата (А) вртејќи го налево и извадете го филтерот. Користете клешти, ако е потребно. Секогаш држете некаква крпа во близина за да ја соберете истурената вода кога го вадите капакот. Исчистете го филтерот под млаз вода за да ги отстраните сите влакненца. Отстранете страни тела и влакненца од лежиштето на филтерот и роторот на пумпата.
Нега и чистење 31 Никогаш не вадете го капакот од пумпата за време на циклус на перење, секогаш почекајте апаратот да го заврши циклусот и да биде празен. Кога го враќате капакот на пумпата на место, проверете дали е цврсто затегнат за да спречите протекување и можност деца да го одвртат.
Нега и чистење 7. 8. Завртете го цревото на машината и проверете дали е добро стегнато. Отворете ја славината. Итно празнење Доколку водата не е испуштена, постапете на следниот начин за да го испразните апаратот: 1. извлечете ја приклучницата од штекерот; 2. затворете ја славината; 3. доколку е потребно, почекајте водата да се излади; 4. ставете длабок сад на подот и ставете крајот од цревото за ургентно испуштање во него Извадете го капакот. Водата треба да се исцеди во садот по слободен пад.
Што да сторите ако... 33 ШТО ДА СТОРИТЕ АКО... Можни се одредени проблеми поради несоодветно одржување или превиди, што може лесно да се решат без да повикате сервисер. Пред да се обратите во вашиот локален сервисен центар, прво направете ги следните проверки.
Што да сторите ако... Проблем Веројатна причина/Решение Машината не испушта и/ или не центрифугира: Одводното црево е згмечено или превиткано. E20 • Проверете го приклучокот на одводното црево. Филтерот за испуштање вода е затнат. E20 • Исчистете го филтерот. Одбрана е опција или програма што завршува со вода во коритото или која ги елиминира сите избрани фази на центрифугирање. • Одберете програма за испуштање на водата или за центрифугирање. Алиштата во барабанот не се рамномерно распоредени.
Што да сторите ако... Проблем 35 Веројатна причина/Решение Машината вибрира или е премногу бучна: Транспортните клинови и амбалажата не се отстранети. • Проверете дали апаратот е правилно монтиран. Потпорните ногалки не се регулирани. • Проверете дали апаратот е правилно нивелиран. Алиштата во барабанот не се рамномерно распоредени. • Одново распоредете ги алиштата. Можеби има премалку алишта во барабанот. • Ставете повеќе алишта.
Технички податоци Доколку не можете да го утврдите или решите проблемот, обратете се во нашиот сервисен центар. Пред да се јавите на телефон, запишете ги моделот, серискиот број и датумот на набавка на вашата машина: сервисниот центар ќе ги бара овие податоци. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ Димензии Ширина Висина Длабочина 60cm 82cm 54cm Поврзување на електриката Напон - вкупна снага осигурувач Информации за поврзувањето на електриката се дадени на плочката од внатрешната страна на вратата на уредот.
Монтажа Програма Волна/ Перење на рака 30° Потрошувачка на струја (kWh) Потрошувачка на вода (литри) 0.25 58 37 Траење на програмата (часови.минути) 1) " Памук Штедливо " на 60°C со полнење од 6 kg е референтна програма за податоците внесени на ознаката за енергетски вредности, во согласност со стандардите на EEЗ 92/75.
Монтажа 2. Симнете ги кабелот за струја и одводното и доводното црево од држачите на задната страна од уредот. 3. Отшрафете ги трите штрафови со помош на клучот испорачан со машината. 4. Извлечете ги соодветните пластични разделници.
Монтажа 5. 39 Затворете ги помалата горна дупка и двете поголеми со соодветните пластични затки, испорачани во вреќичката со упатството. Поставување и нивелирање Монтирајте ја машината на рамен, тврд под. Уверете се дека струењето на воздухот околу машината не е попречено од теписи, черги итн. Пред да ја поставите врз мали плочки, ставете гумена облога. Никогаш не обидувајте се да ги поправате нерамнините на подот со ставање парчиња дрво, картон или сличен материјал под машината.
Монтажа Откако ќе ја нивелирате машината, прицврстете ги навртките за заклучување. Довод за вода Доводното црево е испорачано и се наоѓа во барабанот на машината. Апаратот мора да се приклучи на довод за студена вода. Не употребувајте го цревото од старата машина за да ја поврзете на доводот на вода. 1. Отворете ја вратата и извадете го доводното црево. 2. Приклучете го цревото на машината со помош на коленестиот приклучок. Не поставувајте го доводното црево надолу.
Монтажа 41 Монтажата треба да биде во согласност со локалните служби за водоснабдување и со барањата на градежните прописи. Проверете го минималниот потребен притисок на водата за безбедна работа на апаратот во поглавјето "Технички податоци". Уред за сопирање на водата Доводното црево е опремено со уред за сопирање на водата, кој ја штити машината од оштетувања, предизвикани од протекување на водата, до кои може да дојде поради природно стареење на цревото.
Поврзување на струјата Одводното црево може да се продолжува до максимум 4 метри. Дополнително одводно црево и елемент за поврзување можете да набавите во вашиот локален сервисен центар. ПОВРЗУВАЊЕ НА СТРУЈАТА Информации за поврзувањето на електриката се дадени на плочката од внатрешната страна на вратата на уредот. Проверете дали вашата домашна електрична инсталација може да го носи потребното максимално оптоварување, притоа земајќи ги предвид и останатите користени уреди.
Вградување 43 ВГРАДУВАЊЕ Овој уред е наменет за вградување во кујнскиот мебел. Отворот треба да ги има димензиите прикажани на слика A. Подготовка и монтажа на вратата 600 min. 560 596 555 min. 820 176,5 416 75 60 100 Машината е првобитно подготвена за монтирање на врата, којашто ќе се отвора од десно кон лево. Во овој случај е доволно, шарките (1) и контрамагнетот (6) испорачани со уредот, да се зашрафат на соодветното ниво (сл. B).
Еколошки прашања Шарките ќе се прицврстат на вратата со помош на шрафови за дрво (2-сл.B), испорачани со уредот. • Монтажа на вратата Прицврстете ги шарките (1) на машината со помош на шрафовите М5х15 (3-сл. B) Шарките може да се регулираат за да се надомести за евентуална нерамномерна дебелина на вратата. За совршено порамнување на вратата треба да ги олабавите шрафовите (3-сл. B), да ја нагодите вратата и повторно да затегнете шрафовите.
>PP<=polypropylene Ова значи дека тие може да се рециклираат со нивно отстранување во соодветни собирни контејнери. Еколошки практични совети За да заштедите вода, струја и да помогнете во заштита на животната средина, препорачуваме да ги следите овие практични совети • За да се заштеди детергент, вода и време, нормално валканите алишта можат да се перат и без претперење (со тоа се штити и животната средина!). • Машината работи поекономично ако е целосно наполнета.
www.aeg.