User manual

2. Ако е потребно, ставете омекнувач во
преградата означена со
(употребеното количество не смее да
ја надмине ознаката MAX во
фиоката). Полека затворете ја
фиоката.
Одберете ја саканата програма со вртење на програматорот (1)
Можете да ја одберете вистинската програма за секој вид алишта според описите во
табелата на програмите за перење (видете воПрограми за перење“).
Завртете го програматорот на потребната програма. Програматорот го одредува
видот циклус за перење (на пр. количеството вода, движењето на барабанот, бројот
на плакнења) и температурата за перење според видот
алишта.
Контролната сијалица на копчето8 почнува да трепка.
Програматорот може да се врти надесно или налево. Положбата
е за ресетирање
на програмата / исклучување на машината.
На крајот на програмата, бирачот мора да се заврти во положбата , за да се
исклучи машината.
Ако го свртите тркалцето на програматорот на друга програма додека машината
работи, жолтата контролна сијаличка на копчето 8 ќе трепне 3 пати и ќе се покаже
пораката Err за да укаже на погрешно одбирање. Машината нема да ја изведува
новата избрана програма.
Изберете ја опцијата брзина на ЦЕНТРИФУГИРАЊЕ или ЗАПИРАЊЕ
ПЛАКНЕЊЕ (Копче 2)
Кога ќе ја одберете саканата програма, апаратот автоматски ја предлага
максималната брзина за центрифугирање овозможена за таа програма.
Притискајте го копчето повеќепати за менување на брзината на центрифугата ако
сакате алиштата да се вртат со брзина различна од програмираната.
Ќе се запали соодветната сијалица.
БЕЗ ПЛАКНЕЊЕ: со избирање на оваа опција,
водата од последното плакнење не се
празни за да се избегне туткање на алиштата. Кога програмата ќе заврши, на екранот
се прикажува трепкава
, контролната сијалица 8.2 се пали, контролната сијалица на
копчето 8 се гаси, а вратата е заклучена, укажувајќи на тоа дека водата мора да се
испушти.
За да ја испуштите водата, прочитајте го поглавјето «На крајот на програмата».
Секојдневна употреба 13