LAVAMAT 60840L - 62840L - 64840L Упатство за ракување Машина за перење
Содржина Ви благодариме што одбравте еден од нашите висококвалитетни производи. За да обезбедите оптимална и редовна работа на Вашиот апарат, внимателно прочитајте го ова упатство. Тоа ќе Ви овозможи да се движите низ сите процеси совршено и најефикасно. За да се консултирате со упатството секогаш кога Ви треба, препорачуваме да го чувате на сигурно место. И, Ве молиме, предајте го и на евентуалните идни сопственици на апаратот. Ви пожелуваме големо задоволство со Вашиот нов апарат.
Безбедносни информации Што да сторите ако... Технички податоци Потрошувачки вредности Упатства за монтирање Монтажа Распакување 24 29 29 30 30 30 Поставување и нивелирање Довод за вода Одвод за вода Поврзување на струјата Еколошки прашања Амбалажа Еколошки практични совети 3 32 32 33 34 35 35 35 Можноста за промени е задржана Упатства за ракување Безбедносни информации Внимателно прочитајте и чувајте за идни потреби.
Безбедносни информации • Користете само препорачани количини омекнувач и детергент. Со преполнување можете да предизвикате оштетување на ткаенината. Погледнете ги количините, кои ги препорачува производителот. • Перете ги малите предмети, како чорапи, врвки, колани итн., во вреќичка за перење или во навлака за перница, бидејќи е можно тие да се протнат помеѓу коритото и внатрешниот барабан. • Не користете ја машината за перење на предмети со фишбајн, непорабен или искинат материјал.
Опис на производот 5 • Пред перењето, проверете дали џебовите се празни и дали патентите се затворени. Избегнувајте перење на изресени или искинати предмети, и третирајте го дамките од боја, мастило, рѓа и трева пред перењето. Градниците со жица НЕ смеат да се перат во машина. • Деловите од облеката, кои биле во допир со производи од испарлива нафта, не треба да се перат во машина.
Контролна табла Новиот систем со ECO вентил овозможува целосно искористување на детергентот и ја намалува потрошувачката на вода, со што штеди струја. 2 1 3 4 5 1 2 3 4 5 фиока на дозерот за детергент Контролна табла Рачка за отворање на вратата Одводна пумпа Ногалки за нивелирање фиока на дозерот за детергент Преграда за детергент за претперење . Детергентот за претперење се додава на почетокот од програмата за перење.
Контролна табла 1 2 3 4 5 6 7 8 9 7 10 1 Програматор 2 Копче за ТЕМПЕРАТУРА 3 Копче за ЦЕНТРИФУГИРАЊЕ 4 Копче за ДАМКИ 5 Копче за ЧУВСТВИТЕЛНИ 6 Копче за ШТЕДЕЊЕ ВРЕМЕ 7 Екран 8 Копче СТАРТ/ПАУЗА 9 Копче за ОДЛОЖЕН СТАРТ 10 Индикаторски КОНТРОЛНИ СИЈАЛИЦИ Памук/лен, претперење, 40-60 MIX, џинс, Симболи : синтетика, лесно пеглање, нежни, волна плус, рачно перење, нежни плакнења, цедење, центрифугирање / намалување на освежување, исклучено центрифугата, Температура, студено, запирање плакнење, дам
Контролна табла Траење на избраната програма: По бирање на програмата, траењето е прикажано во часови и во минути (на пример 2.05 ). Траењето се пресметува автоматски врз база на максималното препорачано полнење за секој вид на материјал. Откако програмата ќе стартува, преостанатото време се ажурира секоја минута. Шифри за тревога Во случај на проблеми во работењето може да се прикажат некои шифри (види поглавје "Што да сторите ако...").
Персонализација 9 Индикаторски контролни сијалици (10) Откако ќе го притиснете копчето 8 , се пали контролната сијалица за ПЕРЕЊЕ ( 10.1 ). Кога ќе се запали контролната сијалица 10.1 , тоа означува дека машината работи. Контролната сијалица ВРАТА ( 10,2 )укажува дали вратата може да се отвори: • свети: вратата не може да се отвори. • светлото трепка: вратата се отвора. • не свети: вратата може да се отвори.
Секојдневна употреба Секојдневна употреба Полнење алишта 1. Отворете ја вратата со внимателно влечење на рачката кон надвор. Ставете ги алиштата во барабанот, едно по едно, протресувајќи ги што е можно повеќе. 2. Добро затворете ја вратата. При затворањето мора да слушнете кликање. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не пикајте ги алиштата меѓу вратата и гумениот зглоб. Измерете детергент и омекнувач Вашиот нов апарат е конструиран за намалување на потрошувачката на вода, енергија и детергент. 1.
Секојдневна употреба 11 2. Доколку е потребно, всипете омекнувач во преградата означена со (количината не смее да ја надмине ознаката MAX во фиоката). Полека затворете ја вратата. Одберете ја саканата програма со вртење на тркалцето на програматорот (1) Може да ја одберете вистинската програма за секој вид алишта според описите во табелата на програмите за перење (видете во "Програми за перење"). Завртете го бирачот на програми на потребната програма.
Секојдневна употреба Максималните и минималните температури на перење ќе ги видите во табелата "Програми за перење". Изберете ја опцијата брзина на ЦЕНТРИФУГИРАЊЕ или ЗАПИРАЊЕ ПЛАКНЕЊЕ (копче 3). Кога ќе ја одберете саканата програма, апаратот автоматски ја предлага максималната брзина за центрифугирање, овозможена за таа програма.
Секојдневна употреба 13 Бирање на опцијата НЕЖНИ (копче 5). Со бирање на оваа опција се намалува интензитетот на перењето. Машината додава едно плакнење за програмите ПАМУК, 40°-60° MIX, СИНТЕТИКА и ЕКОНОМИЧНА. Оваа опција не може да се избира со опцијата за дополнително плакнење. Оваа опција се препорачува за предмети со непостојана боја, како и за оние кои често се перат. Бирање на опцијата ШТЕДЕЊЕ ВРЕМЕ (копче 6).
Секојдневна употреба Бирање на одложен старт. • Одберете ги програмата и потребните опции. • Одберете одложен старт. • Притиснете го копчето 8 : апаратот го започнува своето часовно одбројување. Програмата ќе започне откако ќе истече избраното одложување. Откажување на одложен старт • Ставете ја машината за перење на ПАУЗА со притискање на копчето 8; • еднаш притиснете го копчето 9 , додека не се прикаже симболот '; • повторно притиснете го копчето 8 за да ја стартувате програмата.
Секојдневна употреба 15 Откажување програма Завртете го бирачот на за да ја откажете програмата, која е во тек. Сега можете да изберете нова програма. Отворање на вратата откако програмата ќе стартува Прво нагодете ја машината на пауза, со притискање на копчето 8 . Ако контролната сијалица 10.2 се изгаси, вратата може да се отвори по неколку минути. Ако вратата остане заклучена - контролната сијалица 10.
Програми за перење Програми за перење Програма Максимална и минимална температура Опис на циклусот Максимално полнење со алишта Вид на алиштата Опции ПАМУК/ЛЕН (COTTONS/LINEN) 95°- Студено Главно перење - Плакнења - Долго центрифугирање Макс. полнење 6 kg - Нам. полнење 3 kg За бел и трајно обоен памук (нормално валкани предмети).
Програми за перење Програма Максимална и минимална температура Опис на циклусот Максимално полнење со алишта Вид на алиштата Опции СИНТЕТИКА (SYNTHETICS) 60°- Студено Главно перење - Плакнења - Кратко центрифугирање Макс. полнење 3 kg - Нам. полнење 1,5 kg Синтетички или мешани ткаенини: долна облека, шарена облека, кошули што не се туткаат, блузи.
Програми за перење Програма Максимална и минимална температура Опис на циклусот Максимално полнење со алишта Вид на алиштата Опции ВОЛНА ПЛУС (WOOL PLUS) 40°- Студено Главно перење - Плакнења - Кратко центрифугирање Макс. полнење 2 kg Програма за перење за волна што се пере во машина, како и за волнени алишта и нежни ткаенини што се перат на рака. Забелешка : Поединечен или масивен предмет може да предизвика неурамнотеженост.
Програми за перење Програма Максимална и минимална температура Опис на циклусот Максимално полнење со алишта Вид на алиштата Опции ЦЕНТРИФУГИРАЊЕ (SPIN) Цедење и долго центрифугирање Макс. полнење 6 kg Посебно центрифугирање за рачно перени делови од облеката и по програмите со опцијата Запирање плакнење. Пред избирање на оваа програма, програматорот мора да се заврти на .
Нега и чистење Нега и чистење Пред да изведувате какви било работи на одржување или чистење, уредот мора да го ИСКЛУЧИТЕ од струја. Отстранување бигор Водата што ја користиме обично содржи бигор. Препорачливо е, во машината повремено да користите прав за омекнување на водата. Правете го ова посебно од перењето на алиштата и според упатствата на производителот на омекнувачот на водата. Тоа ќе помогне во спречување на таложење на бигорот. По секое перење Оставете ја вратата отворена некое време.
Нега и чистење 21 5. Со четка исчистете ги сите делови од машината за перење, посебно дизните во горниот дел од комората за вмивање. 6. Вметнете ја фиоката на дозерот за детергент во шините и турнете ја внатре. Барабан за перење Поради рѓосување на туѓи тела во перењето или поради тоа што водата од водоводот содржи железо, во барабанот може да се јават наслаги од рѓа. Не чистете го барабанот со средства против бигор што содржат киселина, детергенти за стружење со хлор или со железна или челична жица. 1.
Нега и чистење 3. Отворете ја вратата од пумпата. 4. Ставете некаков сад блиску до пумпата за да ја соберете водата, што евентуално ќе истече. 5. Ослободете го цревото за ургентно испуштање, ставете го во садот и извадете го капачето. 6. Откако водата ќе престане да тече, одвртете ја пумпата и извадете ја. Секогаш држете некаква крпа во близина за да ја соберете истурената вода кога ја вадите пумпата. 7. Отстранете секакви предмети од пропелерот на пумпата, така што ќе го вртите.
Нега и чистење 23 8. Вратете го капакот од цревото за ургентно празнење на место и вратете го цревото во неговото лежиште. 9. Зашрафете ја пумпата целосно. 10. Затворете ја вратата од пумпата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Доколку уредот работел, а зависно од избраната програма, во пумпата може да има жешка вода. Никогаш не вадете го капакот од пумпата за време на циклус на перење, секогаш почекајте уредот да го заврши циклусот и да биде празен.
Што да сторите ако... 7. откако ќе го затворите со капакот, вратете го цревото за ургентно испуштање на своето место; 8. зашрафете ја пумпата и затворете ја вратата. Спречување замрзнување Ако машината е ставена на место каде што температурата може да падне под 0°C, постапете вака: 1. затворете ја славината и отшрафете го цревото за довод на вода до славината; 2. ставете го крајот од цревото за ургентно празнење и на доводното црево во длабок сад на подот и пуштете ја водата да истече; 3.
Што да сторите ако... Проблем Машината за перење не стартува: Машината не зема вода: 25 Веројатна причина/Решение Вратата не е затворена. • Добро затворете ја вратата. Штекерот не е правилно вметнат во приклучницата. • Вметнете го штекерот во приклучницата. Во приклучницата нема струја. • Проверете ја домашната електрична инсталација. Избил главниот осигурувач. • Заменете го осигурувачот. Селекторот не е правилно поставен, а копчето 8 не е притиснато.
Што да сторите ако... Проблем Веројатна причина/Решение Одводното црево е згмечено или превиткано. • Проверете го приклучокот на одводното црево. Филтерот за испуштање вода е затнат. Машината не испушта и/или не центрифугира: На подот има вода: • Исчистете го филтерот. Одбрана е опција или програма што завршува со вода во кадата или што е без центрифугирање. • Изберете ја програмата цедење или центрифугирање. Алиштата не се рамномерно распоредени во барабанот. • Одново распоредете ги алиштата.
Што да сторите ако... Проблем 27 Веројатна причина/Решение Лоши резултати на перење: Сте ставиле премалку детергент или детергент што не одговара. • Зголемете ја количината на детергентот или употребете некој друг. Не сте ги третирале тврдокорните дамки пред перењето. • Користете комерцијални производи за третирање на тврдокорните дамки. Не е избрана соодветна температура. • Проверете дали сте ја избрале соодветната температура. Премногу алишта. • Ставајте помалку алишта во барабанот.
Што да сторите ако... Проблем Веројатна причина/Решение Центрифугирањето започнува доцна или машината не центрифугира: Се активирал електронски уред за откривање на неурамнотеженост, бидејќи алиштата не се рамномерно распоредени во барабанот. Алиштата се прераспоредуваат со вртење на барабанот. Ова може да се повтори неколкупати, додека неурамнотеженоста не исчезне за да може да се продолжи со нормално центрифугирање.
Технички податоци 29 Технички податоци Димензии Ширина Висина Длабочина 63cm 85cm 60cm Поврзување на електриката Информации за поврзувањето на електриката се дадени на плочката од внатрешната страна на вратата на уредот. Притисок на доводот за вода Минимум Максимум 0,05 MPa 0,8 MPa Максимално полнење Памук 6kg Брзина на центрифугирање Максимум 1000 врт./мин (60840L) 1200 врт./мин (62840L) 1400 врт.
Монтажа Упатства за монтирање Монтажа Распакување Сите транспортни клинови и сета амбалажа мора да се отстранат пред користење на уредот. Ви советуваме да ја чувате сета транспортна опрема, така што таа ќе може одново да се монтира, доколку уредот некогаш повторно ќе се транспортира. 1. Откако ќе ја отстраните сета амбалажа, внимателно положете ја машината на задната страна и отстранете го стиропорот одоздола. 2.
Монтажа 3. Одвртете ги трите клина. 4. Извлечете ги соодветните пластични разделници. 5. Отворете го прозорецот и извадете го блокот од стиропор, монтиран на дихтунгот од вратата.
Монтажа 6. Затворете ги помалата горна дупка и двете поголеми со соодветните пластични затки, испорачани во вреќичката со упатството. Поставување и нивелирање Монтирајте ја машината на рамен, тврд под. Уверете се дека струењето на воздухот околу машината не е попречено од теписи, черги итн. Пред да ја поставите врз мали плочки, ставете гумена облога. Никогаш не обидувајте се да ги поправате нерамнините на подот со ставање парчиња дрво, картон или сличен материјал под машината.
Монтажа 33 1. Приклучете го доводното црево на славина со навој од 3/4. Секогаш користете го цревото испорачано со уредот. Не употребувајте го цревото од старата машина за да ја поврзете на доводот на вода. 2. другиот крај од доводното црево, кој се приклучува во машината, може да се заврти како што е прикажано на сликата. Не поставувајте го доводното црево надолу. Нагодете го аголот на цревото кон лево или кон десно, зависно од положбата на славината за вода. 3.
Поврзување на струјата Ова може да се постигне со негово врзување на славината или со закачување на ѕидот. 2. Во огранок од одводната цевка на мијалникот. Овој огранок мора да биде над јамката, така што кривината ќе биде најмалку 60 cm над подот. 3. Директно во одводна цевка , на висина не помала од 60 cm и не повеќе од 90 cm. Крајот на одводното црево секогаш мора да биде вентилирано, т.е. внатрешниот пречник на одводната цевка мора да биде поголем од надворешниот дијаметар на одводното црево.
Еколошки прашања 35 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ По монтажата на машината, кабелот за струја мора да биде лесно достапен. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Доколку кабелот за струја на уредот мора да се замени, тоа мора да го направи сервисен центар. Еколошки прашања Отстранете го Вашиот истрошен уред според прописите кои важат во Вашето место на живеење. Амбалажа Материјалите означени со симболот можат да се рециклираат.
192995471-00-062009 www.electrolux.